Текстот „Нашите ќерки се нарекуваат сестри…“ е повлечен, јавно се извинуваме за објавата

0
351

Порталот Мајка и дете доби допис од Адвокатската канцеларија Симјаноски од Тетово, во кој се бара објавениот текст под наслов „Нашите ќерки се нарекуваат сестри, а кога едната не сака да си оди, другата плаче со неа“ да се повлече.

Во дописот се вели дека во текстот се изнесени навреди и клевети кон нивен клиент и од порталот се бара да постапи согласно со барањето за извинување, а во согласнот со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. „Се со цел да не покренуваме судска постапка, од вас бараме јавно да се извините на нашиот клиент и да го тргнете од вашиот портал“, се прецизира во дописот.

За да се избегнат натамошни непотребни последици по клиентот на Адвокатската канцеларија Симјаноски – Тетово, порталот Мајка и дете веќе го повлече текстот и јавно му се извинува на засегнатиот клиент поради објавата.

[better-ads type='banner' banner='999' ]