Тајните на француските мајки: Зошто нивните деца немаат испади на бес?

Француските родители не се плашат од детското - честопати шокантно и изненадувачко - расположение, туку на децата им приоѓаат како да се веќе возрасни и се обидуваат да воспостават со нив вистинска комуникација уште од почеток. Зошто нешто се случува е клучно прашање на кое францускиот родител сака да најде одговор и така да го реши проблемот.

0
968

Секој родител би сакал да биде господар на ситуацијата, но малкумина успеваат во тоа. Понекогаш се заборава колкава е таа сила, тоа мало суштество кое одненадеж ни стасува во животот. Колку и да е детето физички мало, не може да се занемари дека животната енергија што ја поседува е огромна. Затоа, родителите со право се внимателни кога на воспитувањето му приоѓаат со стравопочит.

Но, современото воспитување или сето она што се смета за такво, создаде многу проблеми. Секако, потребен е помек пристап за малите деца, но тоа не значи дека возрасните можат да се опуштат и да остават сè да оди по својот тек. Поточно, текот на животот не ги следи правилата што сме си ги наметнале за да функционираме како цивилизирано општество. Додека не го усвоиме ова, хаосот ќе биде секојдневје. Но, како да се најде средина помеѓу тие (навидум) противречности?

Во книгата „Зошто француските деца не фрлаат храна“, американската авторка Памела Друкерман се обидела да истражи што го разликува француското образование од за неа познатиот американски пристап. И, не, тоа не е само „американско воспитување“ што таа го познава, тоа е само она што сите ние го правиме после децении од прекуокеанското влијание. Американците, како и во речиси сè, станаа светска велесила во воспитувањето.

Првото нешто што можеме да го издвоиме е дека француските мајки не сметаат дека мајчинството е главната и единствена улога што ја имаат во животот. Всушност, честопати ќе забележите дека жената целосно го менува својот животен стил кога бебето пристигнува и од неа блика задоволство – но и некој вид  на конечност. Животот сега е сосема поинаков и „немам што да пребарувам“. Но, Французите сметаат дека децата се само дел од животот – важен, но дел – и дека сè треба да се вклопи во некој урамнотежен модел. Затоа, Французинките наместо во искинати тренерки, ќе ги гледате почесто во тесни фармерки и потпетици. Ова автоматски се одразува на децата бидејќи тие интуитивно знаат дека мораат да се прилагодат и да станат „дел“.

Изливите на бес се тема за која деноноќно се зборува, но сѐ уште никој не успеал целосно да го реши проблемот. Причината за ова е тоа што повремените тантруми се сосема нормален и пожелен дел од развојниот процес на децата. Француските родители не се плашат од детското – честопати шокантно и изненадувачко – расположение, туку на децата им приоѓаат како да се веќе возрасни и се обидуваат да воспостават со нив вистинска комуникација уште од почеток. Зошто нешто се случува е клучно прашање на кое францускиот родител сака да најде одговор и така да го реши проблемот.

Необичната е мислата дека дури и пред да ги разбере зборовите, детето би можело да знае што му се зборува – но Французите се убедени во тоа.

Потоа имаме хранење. За некои, тоа е клучен кошмар и причина поради која се сомневаат во себе како родители. Но, францускиот пристап е и тука јасен: родителот треба секогаш да знае дека е тој главен. Ова верување само ќе создаде услови во кои детето добро ќе соработува, што значи и дека ќе јаде нормално сѐ што ќе му се понуди.

Французите не се наивни да мислат дека секој сака да јаде сè. Но на децата уште во градинките им се нуди најразновидна исхрана дизајнирана од нутриционисти и други професионалци па се изложуваат на различни вкусови од најраните денови. Значи, ако некое дете одбие нешто, тогаш тоа треба да биде само откако го пробало тоа. И тоа повеќе пати.

Книгата е многу интересна затоа што нуди бројни споредби на тиа два различни пристапи кон воспитувањето, а авторката сето тоа го проживеала самата па делува автентично. Покрај тоа, таа е новинарка по професија, а тоа се чувствува при пренесувањето на наученото и забележаното. Таа не нуди цврсти, догматични решенија, туку ни го распостила сето она што успеала да го собере и заедно со нас размислува за материјалот.

Вреди да се прочита.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]