Татко јутјубер снима животни лекции за децата кои растат без татковци

Неговите деца се веќе возрасни, успешни луѓе, а Британецот Роб Кини во своите педесетти години сфатил дека може да продолжи да ги споделува своите знаења, искуства и мудрост со помладата генерација.

0
160

Роб Кини имал 14 години кога го напуштил домот, откако татко му им рекол нему и на неговите седуммина браќа и сестри дека повеќе не ги сака. Мајка им била алкохоличарка и не можела да се грижи за нив.

Роб не сакал неговото семејство да биде дисфункционално. Тој станал успешен семеен човек и татко на две деца. „Сакав да пораснам добри луѓе, затоа што самиот имав тешко детство“, вели Роб.

Неговите деца веќе се возрасни, успешни луѓе и Роб во педесеттите години сфатил дека може да продолжи да ги споделува своите знаења, искуства и мудрост со помладата генерација. Тој отсекогаш размислувал за снимање видео упатства со важни лекции што не се учат на училиште, како што се пеглање кошула, одзатнување мијалници, промена на автомобилска гума или вештината за бричење. Неговото семејство го охрабрило да го стори тоа, и конечно, за време на изолацијата поради пандемијата на вирусот Ковид-19, Роб направил свој видео канал на ЈуТјуб – Dad How Do I?  (Тато, како да го направам тоа?).

Роб се надева дека овие видео лекции ќе им бидат особено корисни на децата од разорените семејства, особено за оние што растат без татковци. „Сакам тоа да бидат секојдневни работи, но исто така и да им пренесам на младите нешто од мудроста што ја собрав патем и да ги охрабрам“, објаснува тој.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]