Татко и дедо покажале како да се реагира на детските испади на бес во јавност

Еден татко споделил фотографија на која покажува како тој реагира додека нејзината ќеркичка има напад на бес среде продавница

0
1034

Кога децата имаат испади на бес, тешко е да не се чувствувате лошо и засрамено, особено кога тоа се случува на некое јавно место. .

Но Џастин Балдони покажал дека не треба да се чувствувате така и ја споделил фотографијата на кој тој и неговиот татко мирно стојат покрај неговата ќеркичка која лежи на подот среде продавница, вреска и мафта со рацете и нозете.

„Можам само да замислам колку пати и јас сум го направил истото додека сум бил на нејзини години. Мојот татко ме научи многу работи, но овој пост зборува само за една од нив. Чувствувај се пријатно и во непријатни ситуации. Тоа е нешто што гледав како мојот татко прави одново и одново“, вели тој во својот пост.

Понатаму тој објаснува како неговиот татко го учел да си дозволи да го чувствува тоа што има потреба да го чувствува.

„Се до неодамна не сфаќам колку е било тоа важно за мојот емоционален развој. Се трудам да се сетам на тоа за мојата ќерка да знае дека е во ред дури и кога се чувствува загрижено или повредено. Не се срамете поради своите деца. Можеби кога и ние возрасните би покажувале се што чувствуваме и би си дозволиле испади на бес и плачење  секогаш кога имаме потреба за тоа, би биле посреќни“, напишал тој.

[better-ads type='banner' banner='999' ]