Таа ви е единственото дете? Прашање кое ме прободува точно во срцето

„Тоа ви е единственото дете, нели?“ Тоа е еден од најопасните и најневнимателни коментари на игралиштето. Ако не знаете зошто, дозволете ми да објаснам.

0
330

Сем Темсах-Денискин е мајка на едно девојче и блогерка. За Scarymommy таа напишала приказна за коментарите со кои се соочува како мајка на „САМО“ едно дете.

Здраво, знам дека само што се запознавме. Да, нашите две деца среќно си играат и се забавуваат на игралиште и затоа како родители некако сме обврзани и принудени да се дружиме и да разговараме малку. Ох, и двајцата одат во градинка? Супер! Дали спие цела ноќ? Да! Супер, супер, и моето. Но, по само пет минути ваков обичен разговор, вие изговарате една од најопасните изјави за мене.

„Таа ви е единствено дете, нели?“ Ме прободе право во срцето и се надевам дека ќерка ми не го слушна ова.

Додека гордо гледав како ќерка ми се приближува до вашиот син, собирајќи ја целата храброст да ја допре неговата рака и да праша дали тој би сакал да се искачи на мостот со неа, вие прашувате колку години има. Без да го тргнам погледот од него, со блескава и горда насмевка велам дека има три години. Таа е моето срце и душа. Таа е се мое. Потоа гледам немирно како таа слатка сцена веднаш се разлева.

Нејзиниот син фрла камен кон мојата ќерка, вели дека не сака да се искачи на мостот и бега врескајќи. Типично однесување на мали деца, забележувам. Но, мојата слатка, храбра, сочувствителна ќерка оди кон мене со солзи во очите, барајќи потврда дека не направила ништо лошо. Брзо се насмевнав и ѝ реков дека понекогаш децата едноставно не сакаат да играат и дека таа завршила одлична работа.

Срцето малку ми се крши затоа што знам дека ова е само една од многуте тешки лекции што таа ќе мора да ги издржи во својот живот. Мојата ќерка ги обработува тие информации, ги брише очите и продолжува да игра со насмевка на лицето. Напнатоста ги напушти моите раменици и воздивнав олеснето. Јас ја гледам и тогаш се случува – страшен коментар!

„Затоа е толку чувствителна“

“Таа е единствено дете, нели? Таа е толку чувствителна”. Ми зборува со супериорен тон, како да мисли дека сочувството и чувствителноста на ќерка ми се должат на тоа што е единица.

„Тоа ви е единственото дете, нели?“ Тоа е еден од најопасните и најневнимателни коментари на игралиштето. Ако не знаете зошто, дозволете ми да објаснам.

Прво, не знаете зошто е единственото дете. Врз основа на тоа како го поставувате тоа прашање, претпоставувам дека никогаш не сте доживеале трагедија. Вистинска трагедија, затоа што кога би имале, би размислиле двапати пред да кажете ваква навидум безопасна реченица. Трагедијата на абортусот. Трагедијата на загубата на дете. Трагедијата што не сакаме да бидеме мајки, но општеството или околностите тоа го бараат од нас. Или во мојот случај, трагедијата од десетгодишната борба со неплодноста.

Да, небото и десетици илјади долари третман (не сметајќи ги бескрајните инјекции на хормони и болните операции) ме благословија со овој прекрасен, сладок ангел. Неплодноста е трагедија на мојот живот. Но, оној кој за чудо заврши со здраво дете. Јас сум посреќна од многумина во мојата ситуација. Јас сум засекогаш благодарна и не можев да побарам повеќе. Таа е чудо. Јас физички и економски не можам да имам друго дете. Тоа е суровата реалност на која не се трудам да се задржувам. Но, со коментарот „само едно дете“, би сакала да ти се заблагодарам за директниот и лош потсетник.

Второ, те молам не го кажувај тоа за да може ќерка ми да те чуе. Твојот бесчувствителен коментар ги поткопува чувствата на мојата ќерка. Да, таа е само дете, но дури и тригодишно дете има доволно искуство да сфати негативна конотација. Ќерка ми е човечко суштество со чувства. И, всушност, наместо да се тапкате по грбот затоа што сте биле во состојба да се размножувате повеќе пати, одвојте момент да го научите вашиот син дека не е убаво да фрлате камења на луѓето. Ова е само мисла.

Освен тоа, дали ви текна дека овој коментар може да ја натера ќерка ми да помисли дека нешто не е во ред со нашето семејство?

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]