Сè повеќе деца растат во дом без книги

Децата кои имаат свои книги побрзо развиваат навики за читање и стекнуваат љубов кон читање од оние што не ги поседуваат.

0
150

Во Велика Британија, сè повеќе деца растат со родители кои никогаш не купиле книга и ги немаат дома.

Децата кои имаат свои книги побрзо развиваат навики за читање и стекнуваат љубов кон читање од оние што не ги поседуваат. Едно британско истражување, спроведено на 56.000 испитаници, покажало дека малите деца кои имаат своја мини-библиотека читаат 22 проценти над очекуваното ниво.

Сепак, повеќе од 380.000 деца во Велика Британија не поседуваат книги, што може да влијае на нивната способност за читање, но и отсуство на тенденција да се забавуваат и да уживаат во животот – предупреди Националниот фонд за описменување, кој ја спроведе анализата.

Големината на библиотеката влијае на писменоста на децата и создава навики за читање.

Додека 56% од децата кои имаат свои книги уживаат во читањето, само 18% од оние кои немаат лична библиотека имаат таков став кон пишаниот збор. Малку помалку од седум проценти од испитаниците изјавиле дека воопшто немаат книги.

„Големината на домашната библиотека влијае на писменоста и интелигенцијата, а читањето книги го стимулира детето интелектуално, ментално и емоционално“, се наведува во објаснувањето на научниците.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]