Мајчиното млеко е навистина чудесно и со причина се нарекува течно злато. Не само што содржи клетки, хормони и антитела кои помагаат во заштита на децата од болести, туку и мајчиното млеко, исто така, може целосно да се промени врз основа на потребите на бебето. Ова значи дека бојата на мајчиното млеко не е секогаш иста. Бидејќи телото на жената се прилагодува на потребите на бебето, млекото може да стане потемно или посветло – но една мајка останала шокирана кога нејзиното млеко станало розево.
Според Центрите за контрола на болестите, плунката на бебето пренесува хемикалии во телото на нејзината мајка и реагира создавајќи мајчино млеко во согласност со своите потреби. Ова е причината зошто мајчиното млеко може да го добие оној богат жолт тон кога бебето е болно. Но, овој природен феномен не е причината поради која мајчиното млеко добило розева боја.
Австралијанка, која сакала да остане анонимна, ја хранела својата 16-месечна ќерка, која во еден момент почнала да се однесува поинаку. Барала сè повеќе и повеќе, а мајката тогаш сфатила дека нејзиното млеко е целосно розово.
Таа се испаничила, но тогаш ѝ текнало дека претходниот ден изела многу цвекло, а по обилната салата, пиела и сок од темно овошје, а потоа го „довршила“ и преостанатото цвекло. Сепак, никогаш не очекувала дека тоа што го јаде може да има толкав драматичен ефект врз мајчиното млеко.
Според La Leche League International (LLLI), исхраната на мајката може да ја промени бојата на млекото од бело во сино, зелено, розово, жолто или дури и црно. Бататот, тиквата и морковите се вообичаени виновници за промена на бојата на млекото.
Фото: Фејсбук