Стручњаците предупредуваат: Играчките „лигавци“ можат да бидат штетни за децата

Родителите кои купуваат слуз за своите деца, веруваат дека овие играчки се безбедни па ќе се шокираат кога ќе откријат дека нивното здравје би можело да биде изложено на ризик.

0
706

Родителите на децата се согласни дека таканаречените „лигавци“ претставуваат, најблаго речено, играчка-штеточинец.

Се е добро додека лигавецот се чува на цврста површина или во своето пакување, но ако се допре до ткаенина, бидете сигурни дека можете да ја отпишете облеката. Меѓутоа, ова е најмалиот проблем. Многу поважно е тврдењето потковано со истражувањата на научниците, дека лигавецот претставува опасна играчка која може да остави долгорочни последици.

Направена е со употреба на опасни хемикалии и овој производ кој потсетува на слуз содржи потенцијалнои небезбедна количина на хемикалијата боракс која во прекумерни дози предизвикува пролив, повраќање и грчеви.

Долгорочно, изложеноста на многу високо ниво на боракс може да им нанесе штета и на оние кои како деца си играле со овие играчки, такаѓто ќе им донесе неплодност.

Тестирани се 11 различни верзии кои се наоѓаат во продажба и дури 8 од 11 покажале небезбедно ниво на боракс. Осум производи се означени дека ја надминале границата на безбедност  во ЕУ од 300 мг/кг, а најмногу прекардашиле во Toysmith Jupiter Juice. Следни се CCINEE Pink Fluffy Slime, а потоа Cosoro Dodolu Crystal Slime Magic Clay. Производите се повлечени од продажбата на Амазон.

Иницијаторката на истражувањата, Ники Стпфорд го изјавила следното:

„ Родителите кои купуваат слуз за своите деца, веруваат дека овие играчки се безбедни па ќе се шокираат кога ќе откријат дека нивното здравје би можело да биде изложено на ризик. Производителите мораат да престанат со производството на небезбедни производи, а надлежните за контрола, едноставно мораат подобро да ја вршат својата работа“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]