Стручњаците предупредуваат: Без физички напори барем 6 месеци после породувањето

Познатите мајки кои својата совршена линија ја покажуваат на социјалните мрежи само неколку недели по породувањето, доведуваат до тоа жените да бидат под сѐ поголем притисок за брзо враќање во форма, не сфаќајќи колку се потенцијално опасни последиците, ако не му дозволат на своето тело да се опорави од породувањето.

0
330

Стручњаците предупредуваат дека жените сакајќи што побргу да се вратат во форма, односно, да си ја вратат старата фигура, пребрзо по породувањето им се враќаат на тренинзите изложувајќи ги на опасност својот ослабен абдомен и карличните мускули. Заради тоа ги предупредуваат жените дека не би требало барем шест месеци по породувањето да трчат или да прават некои интензивни тренинзи.

Познатите мајки кои својата совршена линија ја покажуваат на социјалните мрежи само неколку недели по породувањето, доведуваат до тоа жените да бидат под сѐ поголем притисок за брзо враќање во форма.

„Многу жени не сфаќаат колку се потенцијално опасни последиците, ако не му дозволат на своето тело да се опорави од породувањето“, истакнува физиотерапевтот Ема Броквел, чија специјалност е да им помага на жените после породувањето постепено да им се вратат на тренинзите.

„Не поминува ниту недела а да не работам барем со една жена која ги влошила ефектите од бременоста и породувањето такашто веднаш почнала напорно да тренира. Трчањето ги изложува карличните мускули на притисок три пати поголем од вашата килажа, па ако се тие мускули веќе слаби, тоа може да доведе до пролапс – со месеци или години подоцна“, предупредува таа.

Иако физичката активност е генерално добра за здравјето, доколку вежбите се прават на погрешен начин, особено кога е телото послабо по породувањето, може да има повеќе штета отколку корист.

„Некои жени чувствуваат дека мора да го симнат стомакот веднаш по породувањето затоа што ги гледаат познатите личности на кои тоа им успеало. Заради тоа прават вежби за стомакот кои можат да влошат некои состојби настанати како последица од бременоста – на пример, раздвојување на абдоминалните мускули“, вели Броквел.

Проблемот е во тоа што кај многу жени нема очигледни симптоми на внатрешни оштетувања како последица од породувањето.

„Секоја бременост, без оглед на тоа дали жената се породила природно или со царски рез, прави притисок на карличните мускули и потенцијално ги оштетува. Заради тоа ниедна жена не би требало да прави некои поинтензивни тренинзи барем шест месеци по породувањето“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]