Сте виделе ли досега ваков список на божиќни желби?

Ајфон, кредитна картичка (со пин 0000), два лаптопа, опрема за кампирање, омилените играчки, облека и нешто кеш, го нашле своето место на оваа екстравагантна листа на желби на едно деветгодишно момче

0
622

Децата понекогаш имаат прилично големи очекувања од Дедо Мраз, а родителите поради тоа уште почесто се наоѓаат во проблеми. Понекогаш е тешко да се исполни само една желба која ја има вашето дете, а уште е потешко кога ќе добиете импресивна листа од желби адресирани до Дедо Мраз.

Нигерискиот бизнисмен Олој Акин Алаби се нашол во проблеми кога неговиот 9-годишник му врачил еден таков попис па овој татко одлучил да ја сподели својата приказна на Твитер.

Ајфон, кредитна картичка (со пин 0000), два лаптопа, опрема за кампирање, омилените играчки, облека и нешто кеш, го нашле своето место на оваа екстравагантна листа.

Корисниците на Твитер заклучиле дека овој 9-годишник веќе сега оди по стапките на татко му, а со оглед на информатичката опрема која му е потребна, веројатно планира да отпочне некој бизнис. Исто така, тврдат дека картицата веројатно му треба за да има каде да ја складира добивката која сосема сигурно ќе ја оствари, а поради пинот кој го одбрал многумина веќе го прогласиле за „легенда“.

Сепак, се нашле и такви кои само ги интересирало зошто момчето пишува нечитливо.

„Предлагам единствениот Божиќен подарок кој ќе му го дадете, да биде добар учител“, порачал овој татко на еден корисник на Твитер, додека пак друг се понудил бесплатно да го подучува момчето.

Што мислите вие за овој список?

[better-ads type='banner' banner='999' ]