Децата го гледаат светот на поинаков начин со нивната плодна фантазија. За Кртолица, природата била инспирација. Тој бил фасциниран од животните и од природата како целина па почнал да ги става на хартија.
Кога имал само четири години, неговите родители го виделе неговиот талент и го запишале во уметничко училиште.
На возраст од 8 години, неговото прекрасно уметничко дело било прикажано во училиштето и привлекло многу внимание.
Кога имал само 9 години, тој нацртал прекрасно јато од различни птици, што можело да го воодушеви секој орнитолог.
На 10 години, тој се свртел кон човечките суштества. Неговиот цртеж на витез и на луѓето околу него бил многу реален.
Ако добие инспирација, тој може да нацрта што било. Еве уште едно животно што го привлекло неговото внимание кога имал 12 години.
На 13-годишна возраст, Кртолица напишал енциклопедија и ја илустрирал. Станува збор за праисториски свет и иако е првично објавен на српски јазик, наскоро се очекува и англискиот превод. Тој е претставен и на неколку телевизиски емисии, а исто така има и шест самостојни изложби. Има и многу купувачи и најдобриот дел е тоа што тој и неговите клиенти лесно се спријателуваат.
Текстот и фотографиите се од ТУКА.