Стејси е мајка на три деца која со сопругот живее во Тексас и секојдневно дава совети за разни теми од сопственото искуство на својот блог The Soccer Mom.
Меѓудругото, проговорила и за темата која предизвикува вечна расправа: спиењето со децата. Додека едни од раѓање ги учат бебињата да спијат во сопствен кревет и соба, за други нема ништо подобро од спиење во заеднички кревет.
„Мојот сопруг и јас се обидуваме да ги натераме децата во кревет што е можно побрзо за да си ги завршиме нашите домашни обврски. Се разбира, тие секогаш сакаат уште само една приказна, прегратка или бакнеж. Иако сме зафатени и немаме уште неколку минути за да лажиме покрај нив, а слушнавме и совети според кои ова е лоша навика, во главата еден глас ми шепотеше: ‘Никогаш нема да можете да го вратите овој момент’. Напишала Стејси, која на крајот сфатила дека треба да го послуша овој упорен глас во својата глава.
Како што вели, многу пати се обидувала да го замолчи затоа што или имала уште многу обврски шт треба да ги заврши или едноставно била уморна и само сакала да оди и да се опусти во сопствениот кревет. Но, една ноќ таа се предомислила.
„Излегував на прсти од собата на децата. Мојата најмлада ќерка дишеше длабоко, нејзините очи беа затворени. Спиеше. Наеднаш го слушнав нејзиниот глас: ‘Мамо, можеш ли повторно да ме гушнеш?’ Таа воздивна среќно и веднаш заспа. Моето срце се стопи и посакав овој момент да трае вечно. А за малку ќе го пропуштев“, пишува таа на својот блог.
Во некои култури, спиењето со децата е нешто за што воопшто нема дилеми, но затоа пак, кај повеќето постојано се дискутира на оваа тема, а мислењата се сосема различни.
Делењето кревет со децата некои експерти го сметаат за корисно додека пак други го советуваат спротивното. А настрана тоа што и правилата со секоја генерација нови деца постојано се менуваат. Затоа, не мислете на нив, слушајте ги децата. Ви кажувам и од лично искуство. Јас бев прилично строга со моето дете кое никогаш не спиеше преку ден, па едвај чекав навечер да заспие за да можам да завршан некоја работа или едноставно, да се опуштам. Верувајте, тој период брзо поминува. Колку и да изгледа тешко во моментот и мислите дека пропуштате многу ако само лежите покрај своето дете со часови, тоа се неповторливи моменти. Еден ден ќе сакате да се повторно малечки и да ја побараат вашата прегратка.
Фото: Pexels