Спа центар за бебиња?!

Британката Лиза Рајан работела како агент за недвижнини, а последните осум месеци води спа центар за бебиња во кои на новороденчињата им нуди третмани како што се пенлива бања, масажа на лице и ’позитивен допир’.

0
539

Триесет и осумгодишната Лиза Рајан од Бирмингем се одлучила на потег во кој ретко кој верувал дека ќе успее. Оваа мајка на две деца дала отказ за да отвори спа центарза бебиња. На оваа идеја дошла уморна од бучните игротеки.

Британката Лиза Рајан работела како агент за недвижнини, а последните осум месеци води спа центар за бебиња во кои на новороденчињата им нуди третмани како што се пенлива бања, масажа на лице и ’позитивен допир’.

Таа тврдидека зен состојбата во која ги доведува бебињата во текот на третманите во релаксирачка атмосфера, им олеснува на мајките да се поврзат со своите бебиња и ги растоварува од притисокот да разговараат со други родители.

„Последва царски реза бев врзана бев врзана за домот по ест недели и нервозна поради првото излегување меѓу луѓе. Имам самодоверба, но играњето со другите деца  ме правеше анксиозна затоа што јас морав да се социјализирам со другите мајки. Почнав да избегнувам такви дружења и сфатив дека сакам нешто што ќе им помогне на другите жени кои слично се чувствуваат“, изјавила таа за Дејли Меил.

Тогаш решила да отвори Бејби Спа, кој нуди опуштање под придушени светла исо мирис на лаванда во воздухот. Очигледно идејата им се допаднала на многумина затоа што таа за осум месеци заработила повеќе од 24 илјади фунти.

Уживам во својата нова работа. На почеток имав еден третман неделно, а сега седум. Додека бебињата се опуштаат во минијатурно џакузи, мајките комуницираат со нив, ги прегрнуваат и ги бакнуваат. Партиципираат во позитивниот допир, метод кој ги зближува со бебињата со нежен допир на кожата на лицето или телото“, раскажува Рајан и ги објаснува предностите на ова за бебињата.

„Им го регулира сонот, го отстранува стресот и ги стимулира завршетоците на нервите што доведува до опуштање на ендорфин. Многу мои клиенти велат дека  после третманот нивните бебиња спијат три до четири часа без престан“.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]