Со почетокот на новата учебна година на улиците се зголеми бројот на најмладите учесници во сообраќајот. Повеќето сѐ уште се учат како да се однесуваат одговорно во прометот, па сите, а особено возачите мора да се претпазливи.
Истражувањето кое минатата година го спровел универзитетот во Ајова покажало дека моторички вештини и визуелна проценка децата развиваат до 14.година.
Научниците симулирале сообраќајно опкружување помеѓу децата и се покажало дека незгоди се случуваат во околу 8 отсто случаи помеѓу шестгодишниците, а два отсто помеѓу 12-годишниците, и тоа е воедно и возраст кога младите адолесценти можат да поминат преку улица без никакви инциденти.
„Некои мислат дека децата можат и мораат да се однесуваат како возрасни кога поминуваат улица. Нашето истражување покажа дека тоа не е секогаш случај кога децата ќе се најдат на сообраќајниците“, рекол професор Џоди Плумерт.
Професорот во рамките на истражувањата открил дека помладите деца можат погрешно да го проценат растојанието кога се обидуваат да поминат улица што може да предизвика несреќа.
Можноста на перцепирање (можноста на детето да процени колку брзп возат автомобилите и колкаво е растојанието помеѓу нив) и моторичките вештини (колку брзо детето зачекорило на улица откако автомобилот поминал) биле најголеми причини на несреќите во спроведениот 3Д експеримент.
Заради тоа стручњаците советуваат да бидете трпеливи кога децата ги подучувате на однесување во сообраќајот и кога ги учите како се преминуваат улиците.