Со игра до развој на логичкото мислење

Некои од игрите кои го поттикнуваат развојот на мислењето и логичкото мислење е редењето на форми во отвор, редењето на кругови на оска, како и сложувањето на сложувалки

0
176

За да се развие логиката потребно е да се стимулира развојот на мислењето. Развојот на мислењето пак, започнува од најмала возраст. Тоа најмногу се стимулира преку разни игра. Со нивна помош се развива и имагинацијата, но и логичкото заклучување. Се смета дека децата активно го осознаваат светот околу себе.

Преку истражувањето на играчките децата учат за светот околку себе, но ако им дадеме разни дидактички материјали како сложувалки или разни квизови, на тој начин се влијае на развојот на мислењето.

Една од игрите која го поттикнува развојот на мислењето е редењето на кругови на оска, која го поттикнува и развојот на око-рака координацијата, исто и манипулативната спретност и фината моторика. Во оваа игра детето ги реди круговите кои се во различна боја и големина на оска. На тој начин детето ја воочува целината и со логичка процена одлучува кој дел треба да го стави.

Друга игра која го поттикнува логичкото мислење е редењето на форми во отвор. Не само што се вежба логичкото мислење, се вежба и фината моторика, вниманието и концентрацијата, исто така се учат боите и формите.

Потоа редењето на сложувалки од повеќе делови каде детето ја гледа сложувалката како целина, а потоа, откако ќе се извадат деловите размислува кој дел каде треба да го стави. Со тоа детето не само што го вежба логичкото мислење, туку и фината моторика, око-рака координацијата, вниманието и концентрацијата.

Елена Трајческа дипл. специјален едукатор и рехабилитатор, Интеракција Плус, Скопје

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]