„Дозволете ми да ви кажам нешто: Пушев полни 30 години, а последните 10 години пушев по 3 кутии на ден и не размислував да се откажам. Не се плашев од карцином, размислував, ако дојде до тоа, ќе ми дадат некои лекови против болки, ќе исчезнам брзо и безболно.
Еднаш не запалив цигара еден час и четириесет минути, само затоа што матичниот лекар ми рече дека постои некоја болест на белите дробови поврзана со цигарите, која те гуши цели три дена и чувствуваш ненормална болка без разлика колку лекови ќе проголташ. Едноставно не можете да направите ништо – умирате бавно и болно.
Толку се исплашив што наредните 40 часа не запалив цигара. Тој доктор ме исплаши толку многу што во моментот се убедив себеси дека не сакам цигари. Но, сфатив една работа: Јас сум зависник од цигари.
Тогаш имав проблем: зависник сум од цигари, но не смеам да запалам ниту една. После тоа сознание, еден месец подоцна, се откажав од пушењето.
Не пушам веќе 6 цели години и не ми пречи кога некој друг пуши. Овој проблем веќе не ме мачи – веќе не сум зависник од никотин!
Зошто ви го кажувам ова? Факт е, сите оние луѓе кои страдаат затоа што ги напуштила саканата личност, треба да си кажат себеси: Јас навистина не сум вљубен во никого. Но, јас сум зависен од таа личност. Страдам затоа што ја користев таа „дрога“.
Здравите луѓе ги сакаат само оние што ги сакаат нив. Невротиците се во состојба да се вљубуваат и да страдаат за луѓе кои не ги сакаат и не ги почитуваат. Потоа, треба да си „нацртаат“ зошто ја сакаат таа личност, и само кога ќе го дознаат тоа, кога ќе го расчленат тој факт, можат и да се одљубат од таа личност.
Кажете си себеси – тој / таа не ме сака. Затоа што ако ме сакаше, немаше да ме остави. И бидејќи не ме сака, зошто јас би го сакал него/неа?
Ако чувствувате болка поради разводот и не можете да се отргнете од таа болкаи: морав да ви кажам дека станувате невротични. Се однесувате како да кризирате без дрога.
Луѓето нема да ве остават без причина и без предупредување. Секогаш се случува постепено, сфаќате дека тие не ве сакаат, но останувате во врската затоа што сакате да страдате.
Љубовта нема никаква врска со тоа. Во таа врска во која љубов не постои се останува од други причини. Затоа, не страдајте кога доаѓа до развод. Ако ве оставила личноста што ја сакате, мора да разберете дека не ве сака. А зошто би сакале некого што не ве сака?
Во светот има 3,5 билиони мажи и 4 билиони жени, па зошто вие би страдале за тој (таа) еден (една)?“
Фото: Pixabey