Во последно време има сè повеќе разводи и сè повеќе самохрани родители кои речиси преку ноќ остануваат сами да ги воспитуваат и да се грижат за своите деца. Но многу често и погрешно се употребува терминот ‘самохрани’ со оглед на тоа што после разводот многу родители, а најчесто се тоа татковците, се оневозможени во остварувањето контакт со своите деца. Многупати сме пишувале на оваа тема, но уште еднаш, пред да почнеме со нашите совети за самохраните родители, да појасниме дека тие се однесуваат на оние кои се навистина ‘самохрани’, односно, нивниот партнер починал или пак не им ја поддршката.
Токму за овие кои останале сами да се грижат и да ги воспитуваат своите деца, за овие кои постојано си ја мачат главата прашувајќи се дали прават како што треба, еве неколку совети за тоа како полесно да воспитате дете.
Испратете ги децата порано во кревет
Можеби ви звучи чудно. Но, кога децата спијат добро и кога не се уморни, тие помалку кенкаат. Се сеќавате на времето кога децата си легнуваа по цртаниот филм и непосредно пред почетокот на вестите во седум ипол? Денес, ова е незамисливо за повеќето деца и родители, но обидете се да ги испратите вашите деца во кревет што е можно порано. Испратете ги полека да се подготвуваат некаде околу осум часот, па околу 9-10 веќе ќе бидат во длабок сон, а следниот ден ќе биде многу полесно да соработуваат и многу е можно да не прават врева за најмали нешта. Најдобар период за воведување на ова правило е есента, кога деновите ќе станат пократки, а ние ќе поминуваме помалку време надвор.
Бидете креативни
Сите родители наидуваат на проблем наречен досада. Имено, ако едукативните методи не се доволно интересни за да го задржат вниманието на децата, тие нема да бидат ефективни и затоа мора да бидете креативни. Не ги повторувајте секогаш истите реченици, по некое време детето ќе престане да реагира на нив. Ако имате мали деца, не правете бучава, скријте ги нивните играчки и кажете им дека тие мора да заслужат да им ги вратите со своето однесување.
Барајте помош
Кога сте целосно исцрпени од работата и се грижите за децата, поканете ги пријателите, семејството или соседите да ви се најдат. Веројатно сте забележале како вашите деца ги слушаат сите други повеќе отколку вас, па затоа на кратко префрлете ја топката кај некој друг само за да се одморите и да можете да ги согледате работите реално и објективно.
Простете си
Самохраните родители кријат во себе големо чувство на вина (па дури и оние кои се самохрани по своја вина). Тоа е така затоа што тие никогаш немаат доволно време, повремено ги губат нервите и знаат да пламнат пред децата без причина. Не размислувајте премногу за малите нешта за кои не сте го нашле најдоброто решение. Продолжете и учете од своите грешки, но не дозволувајте вината да ве влече назад. Ако е до вас, обидете се да влијаете на себе за да го смените тоа. Верувајте, ако вашиот поранешен партнер бил лош сопружник, не значи дека е и лош родител, дозволете му да биде со вашите деца исто колку и вие. така ќе биде најдобро за децата, но и за вас. Децата можеби брзо забораваат, ама не простуваат. Можеби еден ден и покрај сиот труд да го оцрните својот поранешен партнер, вие ќе седнете пред нив на ‘обвинителна клупа’.
Верувајте им на своите инстинкти
Сите луѓе имаат свое мислење и во повеќето случаи не се двоумат да го споделат тоа дури и кога не го бараме ова од нив. Кога станува збор за вашиот живот и воспитувањето на вашите деца, се обидувате да обрнете што помалку внимание на туѓите коментари и да им верувате на вашите внатрешни чувства. Секако, многу пати ќе бидете збунети и фрустрирани што треба да направите сè сами, но имајте предвид дека ги дисциплинирате децата не за да си олесните на себе, туку и за да им олесните ним. И не е важно што немате помош во тоа (ако навистина ја немате), важно е вашите деца да ве имаат вас.
Фото: Pexels