Си ги плашат децата и ги снимаат нивните реакции

Што мислите за овие родители, сте ги искористиле ли и вие овие или слични филтри за ваков вид на 'забава'?

0
143

Многу често апликацијата Снепчет лансира по некој филтер за коj полудува целиот свет. Поради последниот, луѓето имаат впечаток дека по нивното лице и по телото шета пајак, а некои родители го искористиле за да ги исплашат своите деца.

Но, приказната не завршува тука. Тие мислат дека реакциите на нивните деца се забавни, па ги снимаат и ги објавуваат на социјалните мрежи, а ова предизвикало револт кај некои корисници.

„Погледнете го стравот на лицето на мојот внук“, напишал еден вујко кој го споделил видеото и додал два емотикони кои умираат од смеа.

Слични описи ставаат и другите родители и членови на семејствата кои ги снимиле преплашените реакции на децата кај кои пајаците предизвикуваат неверојатен страв и шок.

Освен што ги снимаат децата, во некои видеа може да се слушне и како гласно се смеат на целата ситуација.

„Ова е малтретирање на децата“, сметаат некои корисници на Твитер и апелираат до родителите да престанат да го прават тоа затоа што сметаат дека не е забавно децата да се плашат.

„Ова е пример како децата заработуваат трауми“, предупредува еден маж.

[better-ads type='banner' banner='999' ]