Сиромаштијата во детството може да има долготрајно влијание на мозокот

Растењето во помалку имотно семејство може негативно да влијае на мозокот, покажало истражувањето за влијанието на социоекономскиот статус врз развојот на личноста.

0
203

Американските научници откриле дека деловите на мозокот одговорни за учење, говор и емоционален развој се по правило посложени кај луѓето чии родители имале повизок степен на образование или работеле интелектуални, а не рачни работи, пренесува британски Индипендент.

Податоците добиени со скенирање на мозоците на стотици млади луѓе покажуваат дека таквите последици се стабилни во периодот на детството и адолесценцијата, соопштил Националниот институт за ментално здравје.

На раниот развој на мозокот влијаат искуствата на детето и опкружувањето во кое живее, а тие два фактори значително варираат зависно од социоекономскиот статус, рекла авторката на истражувањето Кесиди Мекдермот.

„Социоекономскиот статус може да влијае на процесот на сознавање, со менување на структуралниот развој на мозокот, особено во деловите поврзани со говорот и учењето“, рекла Мекдермот.

За потребите на студијата, објавена во списанието Journal of neuroscience, истражувачите направиле 1.243 скенирања на мозокот на повеќе од 620 лица помеѓу пет и 25 години.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]