Синко број 2, јави се!

Двојка која никогаш не планирала да има деца сега има огромно потомство од 11 деца на кои мораат да им облекуваат маици со броеви за да можат сите да ги држат на око

0
269

Џозеф Сатон (35) и неговата сопруга Никол (30) живеат со своите осум ќерки и тројца синови во нивниот дом со три спални соби во англиското гратче Аспатрија, во Камбриа.

Кога се запознале, во 2005.година, двојката си замислувала тивок живот – и мислата за деца никогаш не била дел од равенката.

Но, откако забременила со ќерката Ријанан, која сега има 14 години, бебињата само продолжиле да доаѓаат.

И покрај тоа што соништата за фенси автомобили биле заменети за минибус со 17 седишта, двојката вели дека никогаш не можеле да замислат да бидат толку среќни и да го сакаат своето големо семејство.

По 2 години откако се родила Ријанан, добиле уште една ќерка, Луси, која сега има 12 години. По Луси дошле Мекензи (10), Скајлар (9), Хенли (7), близнаците Коби и Паркер (6), Хедли (4), Ривер (3), Оушн (2), Нејви (5 месеци) и едно мртвородено дете.

„Бев шокирана кога останав бремена со првото дете. Користев контрацепција и не очекував да останам бремена. Дознавме кога веќе бев 4. месец. Се тестирав бидејќи тежината ми се зголемуваше, но не очекував тестот да биде позитивен. Немав поим како ќе се снајдеме, но детето е благослов, па едноставно се снајдовме. Колку повеќе деца имав, толку повеќе ми се допаѓаше тоа.

Никол работи со половина работно време како асистент во продавница, а Џозеф како инструктор за возење. Велат дека кога излегуваат надвор, секогаш добиваат коментари, но не им обрнуваат многу внимание.

„Луѓето не знаат колку работам и се грижам за сите нив. Треба да си ја гледаат својата работа, не треба да се грижат ако нешто не им влијае врз нивните животи. Наш избор е да ги имаме децата“, вели Џозеф.

Фактот што имаат толку деца значи огромна организација, како и тоа дека Никол често е задолжена да ги држи работите под контрола во текот на денот, додека пак Џозеф е задолжен за одењето во кревет. Таа признава дека понекогаш е „апсолутно лудило“ во нивниот дом, а нејзиниот партнер се согласува, нарекувајќи ја својата сопруга  супержена и велејќи: „Не знам како постигнува сè“.

Родителите одлучиле дека 11 деца се доволно.

„Не планираме да имаме уште деца, мислам дека е доволно, а и Никол се согласува со тоа. Луѓето нè прашуваа како се справуваме со децата за време на карантинот. Некои денови е потешко кога сме изморени, но тие веќе имаат дневна рутина и се согласуваат меѓусебе“, вели Џозеф, а Никол додава: „Никогаш не е здодевно“.

Фото: Mercury Press & Media

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]