„Детето не треба да троши време и да седи пред екраните, вклучувајќи ги и компјутерските игри, пред да наполни две години”, вели СЗО.
Границата за деца на возраст помеѓу две и четири години е еден час дневно, а колку помалку – толку подобро.
Главната цел на упатствата на СЗО е да се бори против неактивноста на децата, што е водечки фактор на ризик за глобалната смртност и слабото здравје предизвикано од дебелината.
Ова е првпат СЗО да издаде препораки во однос на физичката активност, претераното седење и спиењето за деца под пет години.
Освен предупредувањата против пасивното седење пред екранот, експертите на оваа организација веруваат дека бебињата не треба да поминат повеќе од еден час врзани во количка, на авто седиште или во марама.
Фото: Pixabey