Се сеќавате на своето детство?

Беки Скуир, мајка на четири деца и писателка, открива зошто детството пред триесетина години било побогато и поздраво отколку денес, а родителството поспокојно. Што мислите вие за ова?

0
325

Денеска, родителството е многу различно од пред 30 години. Постигнат е напредок во филозофијата на родителството, вклучувајќи ги здравјето и безбедноста.

Но сепак, многумина се согласуваат дека тогаш беше многу подобро.

На пример, дали денеска вашите деца седат на клупи до доцна во ноќта? Ние седевме на клупите на „Партизанска“ до ниедно време, а во населба си имавме се што ни требаше, па во Центар одевме само за на лизгалиште или во кино. Дали возат ролерки и велосипеди по цел ден или мораат да трчаат на неколку воннаставни активности? Ние се возевме со ролшуи или со велосипеди, игравме народна, жмурки, пипни-стој, ластик, фудбал и уште многу други игри, си правевме свои театарски претстави, ама не трчавме по разно-разни курсеви и часови. 

Беки Скуир, мајка на четири деца и писателка, пишува зошто детството порано било побогато и поздраво отколку што е денес. Дали се согласувате со ова?

Родителите го ставаа меѓусебниот однос во прв план.

Кога нашите родители биле млади, не било невообичаено бракот да биде најважниот однос во семејството. Но, во последните 30 години, родителите почнаа да ги третираат своите деца како центар на светот.

Гледањето на сопружникот како приоритет може да биде тешко, но клучно е за здраво и среќно семејство.

Кога децата ме прекинуваат додека разговарам со мојот сопруг, им велам дека ќе мора да почекаат (освен ако не е многу итно). Децата треба да научат дека не се врти сè околу нив.

Ни велеа да одиме да си играме надвор

Повеќето мои сеќавања од детството се од играњето на отворено, во природа, користејќи ја фантазијата. Јас и моите пријатели ќе излезевме надвор веднаш по враќањето од училиште. Ќе се вратевме за ручек, а потоа се враќавме и бевме надвор додека не се стемни. Уживав да гледам ТВ, но секогаш сакавме да бидеме надвор“.

Важно е да се знае дека на децата не им е потребен спортски терен или базен за забава надвор. Сé што им треба е нивната фантазија.

Родителите им веруваа на своите деца

Сигурна сум дека повеќето од нас се сеќаваат дека поголемиот дел од слободното време возевме велосипеди со пријателите, останувавме надвор до доцна навечер, а сето тоа без постојани контроли од родителите.

Тоа може да се нарече „родителство на слободен круг“ или дури и да се смета за опасно. Но да им се верува на своите деца е многу битно за да можат и самите да се научат на одговорност“.

Не се форсираа одредени знаења

Пред 1980 година, креативноста и социјалните вештини беа главен фокус во раните години на децата. Децата не знаеја да читаат кога почнуваа да одат во градинка, а многумина не ја знаеја ниту азбуката. Родителите ги учеа децата да ги почитуваат другите, да споделуваат и да се дружат. Културно гледано, нашите деца се принудени да се натпреваруваат од рана возраст, што ја зголемува, ако не и предизвикува вознемиреност и стрес.

Не учеа на пристојност

Кога зборувам за учење на социјални вештини, секогаш сум во шок поради недостаток на манири кој го гледам денес кај многу деца и тинејџери. Јас и мојот сопруг поминавме пред неколку години една недела готвејќи за 300 тинејџери. Поминувавме цел ден готвејќи, миевме садови и послужувавме храна на нивните празни чинии. Бевме шокирани од количината на пофалби: само две од 300. Ова е едноставен пример.

Вечеравме како семејство

Родителите денес се стремат да ја жртвуваат семејната вечера поради воннаставни активности и тоа е штетно. Децата кои учествуваат во редовните семејни оброци имаат помала веројатност да имаат анксиозност и депресија. Тие имаат поголеми академски достигнувања и подобро ментално здравје.

Ни задаваа задачи

Кога јас растев, секоја сабота ми беше резервирана за извршување на некоја работа. Не можевме да играме со пријателите или да се вклучиме во какви било други активности сè додека не ги исчистевме своите соби и не завршевме со неколку други задачи. Ја чистев бањата, чистев со правосмукалка, бришев прашина и уште многу работи. Денеска од децата се бара да ги преземат само најмногу тривијалните одговорнисти. Можеби ќе бидете изненадени од тоа колку се навистина способни вашите деца, само треба да им се даде можност.

Си ги дисциплинираа меѓусебно децата

Што би направиле ако другарчето на вашето дете не сака да ве слуша, или дури и ако го удри вашето дете? Дали би ги прашале дали ќе престанат? Дали би се осмелиле да му го кажете тоа на неговиот родител воопшто? Нашите родители имаа неискажано правило дека ако детето е непослушно, безобразно или само напорно, ќе ги дисциплинираат на ист начин како и своите деца.

Приредуваа домашни роденденски забави

Роденденските прослави што ги организираа нашите родители вклучуваа торта и сладолед. Тие не му даваа на секој гостин корпа полна со подароци. Тие не изнајмуваа игротеки и не плаќаа професионален фотограф или угостител. Сепак, се забавувавме.

Сé беше едноставно

Најдобриот дел од „старите добри“ денови беше тоа што сé беше толку едноставно. Како деца, не брзавме од фудбалски тренинг на часови по пијано или танц. Нашите родители не не носеа во Дизниленд секое лето и не ни купуваа таблети. Ни беше здодевно, но ја користевме нашата имагинација. И успеавме. Нашите деца ќе завршат добро – дури и подобро од нас. Не треба да им се дава сè на сребрена чинија. Тие не мора да бидат најдобри во сè, па дури ни во една работа. Во ред е ако паднат и се повредат или срцето им се скрши. Така ќе научат и ќе растат.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]