Витни Блејнер сега е нова мајка на близнаци, благодарение на нејзината сестра близначка, Џил Но, која ги носеше децата за Блејнер поради ретката здравствена состојба што ја спречила таа да го направи тоа.
Машкото бебе се родило на 8 јуни во 8 часот и 6 минути, со тежина од 3 килограми и 175 г , а неговата сестра е родена 2 минути подоцна со тежина од 2 килограми и 182 грама.
„Целиот ден беше нереален”, изјавила Блејнер, која живее во Портланд, Орегон, за „Добро утро Америка“. „Морав да ги ставам кожа на кожа и тоа беше неверојатно чувство, како сон”.
Но се породила во Медицинскиот центар Свети Винсент во Провиденс надвор од Портланд.
Близнаците пристигнаа само два месеца откако беше објавена приказната на Блејнер и Но, која го привлече светското внимание .
Кога била тинејџерка, на Блејнер ѝ бил дијагностицирана неврофиброматоза тип 2 (NF2), состојба која предизвикува тумори да се формираат во мозокот, ‘рбетниот мозок и нервите. Таа го отстранила туморот во 1999 година, поради што нејзиното лево око се затворило. Откако била подложена на хемотерапија и зрачење, таа целосно го изгубила слухот во десното уво и подоцна загубила 40% од слухот во нејзиното лево уво.
Во 2016 година, Блејнер се омажила за нејзиниот сопруг Петар. Двојката сакала да започне семејство, но за состојбата на Блејнер ова било ризично, а хормоните за бременост можеле да го зголемат растот на туморот.
Кога почнала да губи надеж, нејзината сестра близнак одлучила да ѝ го даде овој несебичен подарок. За време на својот втор обид забременила со близнаци.
„Таа е мојата најдобра пријателка, некој со кого дојдов на овој свет, па затоа беше навистина нормално да ѝ понудам да бидам нејзина сурогат мајка“, изјавила Но.
Блејнерс сега е дома со децата и ужива во родителството.
Текстот и фотогафиите се од ТУКА.