Се обидувате да забремените?

За да зачнете треба да знаете дека за тоа постои вистинско време во денот и вистински период во годината

0
438

Има многу причини поради кои некои жени не можат да забременат. Проблемот може да се крие во налинот на живот, во хормонската нерамнотежа, лошата исхрана, генетските предиспозиции, но и во сериозните медицински проблеми кај вас или кај вашиот партнер.

Но можеби станува збор само за тоа дека упорно водите љубов во погрешен дел од денот. Имено, истражувањето спроведено во Универзитетската болница во Цирих открило дека спермата, баш како и луѓето има свој 24-часвен „телесен“ час.

Најбрза и најактивна е наутро пред 7 и 30. Се покажало дека тогаш е највисока концентрацијата на спермата, вкупниот број на сперматозоидите и на вкупната морфологија.

„Квалитетот на спермата била најголема наутро и тогаш би можела да се користи за подобрување на природната плодност“, објаснила главната авторка на ова истражување д-р Бригит Ленерс.

Инаку, истражувањето е спроведено врз основа на 12.245 примероци на сперма од 7068 мажи на возраст од 25 до 40 години.

Освен тоа, пролетта е идеално време за планирање на проширувањето на семејството затоа што се мажите најплодни во март, април и мај. Меѓутоа, топлите лета значително го намалуваат бројот на сперматозоиди, покажала студијата објавена во списанието Chronobiology International.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]