Најновите истражувања покажуваат дека семејните одмори се очајно потребни. Тие ги прават нашите деца, но и нас – посреќни и градат посилна врска и спомени.
Тој голем подарок на искуства, како што се семејните одмори, се докажа како просоцијален подарок на поврзување – поголем од кој било материјален имот, според истражувањето спроведено на Универзитетот во Торонто.
„Искуствениот подарок предизвикува емоционална реакција кога примателите го консумираат, како што се возбуда во адреналинска авантура, возбудување на концерт или мир на велнес, и е многу поинтензивно емоционален од која било материјална сопственост“, вели авторката на студијата Синди Чан и додава дека искуството, особено она семејно искуство, е најголемиот подарок на поврзување.
Зошто е важен семејниот годишен одмор?
Не само што искуството на семеен одмор не зближува со децата, туку и го прави целото семејство посреќно долго откако ќе заврши одморот. Истражувањето покажало дека половина од испитаниците ги истакнуваат семејните одмори како омилено сеќавање од детството, а другата половина нагласува дека семејните одмори им пружиле среќни спомени кои засекогаш ќе останат во нивното сеќавање.
Џон Мекдоналдс, директор на добротворната организација Family Holiday Association, која им овозможува одмор на семејствата со лоша имотна состојба, тврди дека семејните одмори се како засолчниште на среќата. „Кога семејствата се соочуваат со тешки животни ситуации, таквите спомени можат да бидат многу моќни и ако имаме такви спомени – можеме да им пристапиме на проблемите од сосема поинаква и попозитивна перспектива“, вели тој.
Излегувањето од дома и патувањето во различна средина не е само забавно за децата, туку може да ги направи и попаметни. Семејните одмори можат да бидат како „засилувач“ за мозокот на детето, бидејќи им обезбедува нова и збогатена средина. Тоа „збогатено“ опкружување обезбедува нови искуства кои се многу важни за социјална, физичка, когнитивна и сетилна интеракција“, објаснува д-р Маргот Сандерленд, детски психотерапевт.
„Ако бирате помеѓу тоа да му купите на вашето дете таблет или друга материјална работа или да одите на семеен одмор – земете го предвид силното влијание на поврзувањето и развојот што го овозможуваат таквите одмори. Таквите спомени не можат да се измерат со какви било материјални добра”, додава психотерапевтката.
Покрај тоа, играњето на плажа, пешачењето или кампувањето го активира мозокот на начин што ослободува окситоцин и допамин. „Тие го намалуваат стресот и го активираат чувството на полна топлина, како и оптимизам. На овој начин, семејствата всушност ги полнат батериите емотивно”, објаснува д -р Сандерленд.
Запомнете, не треба да одите на долго патување за да уживате во придобивките од семејниот одмор. Без разлика дали планирате брзо патување до езерото или неколку дена на море – резултатите се исти: посреќно и поповрзано семејство – а тоа се непроценливи вредности.
Фото: Pixabay