Секој трет родител не сака да го вакцинира своето дете против грип

Американската академија за педијатрија (ААП) смета дека е важно да се вакцинираат децата против грип во екот на пандемијата на коронавирусот. Дали вие би ги вакцинирале своите деца?

0
88

„Поважно е од кога и да е сите деца над шест месеци да се вакцинираат“, се вели во соопштението на Американската академија за педијатрија (ААП). Истата препорака ја издаде и Американскиот центар за контрола и превенција на болести.
Сепак, истражувањето спроведено на родители во САД покажало дека дури секој трет родител нема намера да го вакцинира своето дете, статистика што ги загрижила педијатрите.
„Како педијатар, јас сум загрижен за здравјето на нашите деца и нивните семејства оваа есен кога се очекува истовремено да циркулираат два потенцијално смртоносни вируси“, вели д-р Флор Муњоз, водечки автор на упатствата на ААП.
Сара Кларк, научник на Одделот за педијатрија на Универзитетот во Мичиген, исто така е загрижена.
„Може да имаме пик на грипот и на ковид-19 во исто време, што може да доведе до колапс на здравствениот систем и потенцијално да ја намали нашата способност за лекување на двете респираторни заболувања“, наведува Кларк.
Таа посочува дека извештајот што го спровеле открива дека „дури и за време на пандемија, некои родители не сметаат дека вакцината против грип е неопходна“.

Една третина од родителите кои немаат намера да ги вакцинираат своите деца против грип наведуваат загриженост за несаканите ефекти или верување дека тоа не е неопходно или ефективно. Но, експертите, вклучително и Кларк, велат дека ова се заблуди.
„Постојат многу дезинформации во врска со вакцината против грип, но тоа е најдобрата одбрана за децата од сериозните здравствени последици од грипот и од ризикот од ширење на други“, заклучува тој.
Од институтот Роберт Кох, германски Центар за контрола на болести, велат дека вакцината е безбедна за деца постари од шест месеци. Би било идеално, велат лекарите, да се вакцинираат некаде кон крајот на октомври и почетокот на ноември, бидејќи оптималниот заштитен ефект се јавува две недели подоцна, а потоа полека попушта во следните три месеци.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]