Седум потешко воочливи знаци поради кои детето мора да се однесе на лекар

Според порталот BrightSide, има некои знаци кај децата кои не би требало да ги занемарите и треба да се консултирате со лекар за да се избегнат некои потешки заболувања

0
661

Детските болести не се пријатни ниту за децата, ниту за родителите, но потешките заболувања можат да се избегнат ако симптомите се препознаат на време.

Еве на кои знаци според порталот BrightSide, треба да обрнете внимание.

Обрнете внимание на овие симптоми:

Раст на бенки

Појавата на бенки на детската кожа е потполно нормална и поради тоа не треба да се грижите. Исто така, нормално е бенките да потемнат или да се осветлат. Тие промени се чести и ретко се знак на меланоми, но ако на телото се појави асиметрична голема дамка со неправилни бои или ако почне да расте некоја од бенките кои веќе постојат, тоа се знави поради кои детето мора да го однесете на лекар.

Губење на коса

Фактот дека вашето дете губи голема количина на коса може да биде застрашувачка. Но, добра вест е дека покрај точната дијагноза, поголемиот број случаи на губење на коса можат успешно да се излечат. Изворот на овој проблем е најверојатно скриен во телото, а причината е веројатно недостаток на витамини.

За да дознаете поради што му паѓа косата, потребно е да посетите лекар.

Промена на расположението и однесувањето

Има денови кога повеќето деца се чувствуваат тажно и осамено. Но ако ви се чини дека ваквото однесување долго трае, можеби вашето дете страда од депресија.

Наглото намалување на апетитот, проблемите со сонот или намалувањето на желбата за движење се важни причини за да се обратите кај лекарот.

Промена на големината на главата

Во текот на раѓањето на детето, коските од черепот се обликуваат така за да можат да поминат низ родилниот канал. Таа постапка се нарекува калапење и е потполно природен.

Меките точки кои остануваат по породувањето се нарекуваат фонтанели и можат да се разликуваат во големината.

Со време ќе се затворат, но никако не би требало да растат. Ако тоа се случи, може да биде знак на некоја болест.

Намален слух

Ако детето не реагира на разговори  не се одзива кога го викате, веројатно има проблеми со слухот.

Задолжително посетете лекар за да дознаете во што е проблемот.

Задолжително посетете лекар за да дознаете во што е проблемот.

Постојана жед

Ако детето пие повеќе течности од порано, тоа може да биде знак за сериозни здравствени проблеми, како на пример, дијабетес.

Секако посетете лекар за да бидете сигурни дека е сѐ во ред.

Гласно р’чење

Тивкото р’кање не е опасен знак. Меѓутоа, гласното р’кање укажува на некои проблеми со дишењето. Опасно е да се занемарат овие симптоми затоа што можат да бидат знак за узбуна.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]