Секое дете има различен пристап кон хранењето, единственото нешто што им е заедничко на сите деца е дека мајчиното млеко е најдобрата можна храна што можат да ја добијат во првите денови од животот и дека на детето што се дои не треба да му се додаваат никакви течности. Имајќи го ова предвид, ви ги носиме седумте вообичаени заблуди за доењето, количината и квалитетот на млекото, поради кои многу мајки неоправдано се откажуваат од доењето.
- Градите се испразниле
Полнотата на дојките не е добар показател за количината на мајчино млеко што бебето ја исцицало. Оваа состојба може да се промени за неколку часа. Честопати жените кои зачестено и правилно ги поставуваат бебињата на дојките, никогаш и не чувствуваат прекумерна исполнетост во градите. Меѓутоа, некогаш навира повеќе млеко отколку што му е потребно на бебето. Ниту во едната, ниту во другата ситуација не можеме да бидеме сигурни дека бебето пиело доволно млеко, ако ни е показател само полнотата на нашите гради.
- Детето често се буди ноќе
Фактот дека бебето спие цела ноќ не е индикација дека испило доволно мајчино млеко. Напротив, ако дете кое е старо 10 дена спие цела ноќ, најчесто не јадело доволно. Познато е дека детето кое спие премногу и не бара само да јаде, не добива доволно млеко. Постојат многу исклучоци, но во овој случај треба да побарате стручна помош.
3. Бебето плаче после доењето
Иако детето може да плаче после оброк поради глад, постојат и други причини зошто детето може да плаче. Нема потреба да се ограничува времето на доење. И спротивно на вообичаениот совет да се дои 20 минути на едната дојка, па исто толку долго на другата, подобро би било да се заврши со хранењето на едната дојка, а дури потоа да се прејде на другата, ако детето го сака тоа.
4. Бебето често цица или цицањето предолго трае
На една мајка која го дои детето на секои три часа ова може да ѝ изгледа премногу често, додека на друга истиот период ѝ е предолг. Хранењето што трае 20 минути е премногу долго за една мајка и премногу кратко за друга. Во реалноста, не постои правило колку долго или колку често треба да се храни детето.
Не е точно дека детето добива 90% од храната во првите 10 минути од цицањето. Дозволете му на вашето дете само да го одреди распоредот на хранење. Покрај тоа, запомнете дека бебето може да биде на градите и 24 часа, но ако не цица правилно, нема да испие доволно млеко. Ако детето јаде правилно само две минути, тој може да исцица доволно за оброк. Ако бебето брзо заспие на градите, има одредени постапки со кои можеме да го „убедиме“ да продолжи да јаде.
Ако сепак немате доволно млеко и дохранувањето е навистина неопходно, постојат начини на кои децата можат да се хранат без користење на вештачки цуцли.
- Можат да издојат само половина од потребната количина за оброк
Ова не значи апсолутно ништо и не треба да се грижите за тоа. Од таа причина, не треба да ги издојувате градите само „за да знаете“. Повеќето мајки имаат доволно млеко. Најчеста причина зошто бебето не добива доволно млеко, кое би можело да го добие и кое е во градите, е лошо држење на телото или неправилното цицање или и двете. Овие проблеми обично се лесни за решавање.
- Бебето сака шише после доењето
Доколку на вашето бебе му понудите шише после доењето и тоа го прифаќа, не мора да значи дека е гладно после доењето, а овој начин на проверка е штетен за квалитетно доење.
- Детето старо пет недели се оддалечува од градите, но се чини дека сè уште е гладно
Ова не мора да значи дека мајчиното млеко „пресушило“ или изгубило квалитет. Во текот на првите недели од животот, бебињата обично заспиваат на дојка кога протокот на млеко се намалува, дури и кога не завршиле со
Постарите деца (од четири до шест недели) немаат повеќе потреба да заспиваат на дојка за време на хранењето и честопати се оддалечуваат од дојката. Ова не значи дека количината на млеко се променила, туку дека се менува детето. Постојат поодредени методи, како што е притисок на дојката, за да го „убедиме“ бебето да продолжи да цица.
Фото: Pexels