Светски ден на аутизмот: Посебен свет кој малкумина го разбираат

Секоја стота личност има некое пореметување од спектарот на аутизмот, а најголем број од нив се деца.

0
300
Фото: EPA/JAGADEESH NV

Со галопирачка брзина аутизмот како состојба расте и во Македонија, а воедно и проблемите и стресот со кои се соочуваат сите засегнати во животот на лицата со аутизам.
Аутизмот е состојба која влијае на целокупниот живот на лицето, а воедно и на животите на целото семесјтво и речиси во сите аспекти од нивното секојдневје. Најголем број на лица со аутизам во Македонија се деца и поради овој факт најголемиот товар во живеењето на овие дечиња паѓа на грбот на родителите и потесното семејство.
Со надеж дека ќе помогне во справувањето, особено со стресот и фрустрациите кои произлегуваат од нивното секојдневје, од неодамна  организацијата Арт оф Ливинг од Скопје  креираше програма со која на креативен и инвентивен начин им помага, како на децата со аутизам, така и на нивните родители.
Преку одржување на специјализирани часови во кои се интегрираат јогата, како и некои други психофизички активности и методи, под називот „Јога за деца со аутизам“, секоја сабота центарот „Арт оф ливинг“ (бул. „Св.Климент Охридски” бр. 48, Скопје – Центар за здрава храна, ајурведа, јога и медитација) бесплатно ги отвара своите простории за работа со оваа брзорастечка ранлива група на наши сограѓани.

„После одржување на само неколку часови се покажа дека интересот и потребата за вакви активности се огромни, и затоа се надеваме дека ќе успееме да привлечеме поддршка од различни организации со цел да се овозможи оваа помош за уште повеќе семејства“, велат од центарот.

Јогата е систем на физички вежби, употреба на техники за дишење и користење на визуелизација кои придонесуваат за подобрување на физичкото и менталното здравје на децата со аутизам и придонесуваат за подобрување на животот на целото семејство.
Воедно, јогата ги развива моторните вештини, ја подобрува довербата и социјалните вештини.

Обезбедува сензорна интеграција, техники за справување со предизвикувачко однесување за децата и за родителите, ја зајакнува самосвесноста а воедно и го развива емоционалниот мозок. Јогата е уредна и доследена а со тоа се овозможува лесно следење и учење на вежбите и техниките за дишење.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]