Новата книга на „Логопедско друштво Интеракција плус“ со наслов „Светот на Марко и Марија” се состои од два дела.
Во првиот дел е претставена приказната за Марко, кој е дете што има аутистичен спектар на нарушувања и предизвиците со кои се соочува неговото семејство поради неговата состојба.
Во вториот дел се зборува за стручните аспекти на первазивните развојни нарушувања, симптомите со кои се појавуваат, начините и протоколите за дијагностика како и методски постапки за третман и подобрување на состојбата.
Автор на книгата е логопедот Ана Петреска. Книгата е во издание на Издавачка куќа Феникс од Скопје. Цената на книгата е 200 денари.