Тони Мутабази е момче кое на 2 години било оставено во дом за незгрижени деца и не се сеќава на своите биолошки родители. Го посвоило семејство од Оклахома, но кога наполнил 11 години, родителите го оставиле во болница и повеќе не се вратиле.
Забележувајќи го момчето, жена по име Џесика го повикала Питер, човек кој живее сам и често посвојува деца со тажни и тешки животни околности. Питер веднаш се согласил да го вдоми Тони на два дена, но кога ги слушнал деталите за неговата приказна, решил засекогаш да останат заедно.
Питер сега и официјално е родител на Тони и тие живеат заедно во Јужна Каролина.
За Good Morning America изјавил: „Кога дознав дека неговите родители ги изгубиле своите права и тој нема каде да оди, знаев дека морам да го земам. Имав место, имав средства, немав причина да го оставам.
Патрик го опишал Тони како најмилото, најпаметното момче што можете да го замислите.
Тој исто така рекол дека пораснал во Уганда и дека доживеал страшно малтретирање од неговото семејство. Кога имал 10 години побегнал од дома и бил посвоен од добри луѓе.
Зборувајќи за своето посвојување, тој рекол: „Тие станаа мои спонзори, мое семејство. Пораснав како најсиромашен на светот, на место каде што никој не ми кажа дека можам да сонувам, каде што не мислев дека има иднина за мене.”
На крајот пристигнал во САД и сега редовно им помага на најсиромашните деца во светот. „Поради она што некој го направи за мене, сега сакам да му помогнам на некој друг.
Тие планираат да го зголемат своето семејство и да ја отворат вратата за уште едно дете на кое му треба дом.
Тони денес оди на училиште, е добар ученик и се надева дека ќе оди на колеџ во иднина и дека еден ден ќе им помага на луѓето на кои им треба помош.
Питер вели дека тој и Тони уживаат заедно да гледаат филмови, да играат друштвени игри, да читаат книги и да возат велосипед. Тие едвај чекаат да го пречекаат новото дете, кое ќе им се придружи во нивниот дом во блиска иднина.