Одлучивте дека сте подготвени за дете. Но, дали е подготвено вашето тело? Во продолжение ви носиме 5 знаци кои велат дека најдобро време да се обидете да имате бебе е токму сега!
Знак 1 – зголемено чувство за мирис
Дали ви пречи мирисот на вашиот партнер откако ќе завршите со вежбање повеќе од вообичаено? Можеби не е негова вина. Најновите истражувања откриле дека чувството за мирис на жената се изострува кога е време за овулација. Во плодна фаза, ги привлекува машкиот феромон андростерон.
Знак 2 – Цервикалната слуз ја сменила конзистентноста
Кога не овулирате, вашиот исцедок може да биде леплив, замаглен, па дури и целосно отсутен, но како што се приближувате до овулацијата, вашето тело произведува повеќе естроген, поради што вашата цервикална слуз станува растеглива и бистра, како белка.
Наведената промена на конзистенцијата е добар показател дека сте на врвот на плодноста.
Знак 3 – се чувствувате и изгледате секси
Мајката природа е прилично паметна. Отприлика во време кога овулирате, ќе забележите дека усните ви се пополни благодарение на зголемениот естроген, зениците ви се проширени и кожата помека. Овие суптилни, но забележителни симптоми се доволни за да се чувствувате посекси, но и за да го натерате вашиот партнер да ве забележува повеќе. Резултатите од една неодамнешна студија покажале дека жените кои се во фаза на овулација се попривлечни за мажите.
Знак 4 – вашата плунка се сменила
Можеби изгледа чудно, но за време на овулацијата, во плунката може да се види феномен на папрат или кристализација на плунката. Ова е знак дека вашето тело има многу лутеинизирачки хормони, што се случува непосредно пред овулацијата. Ова најдобро можете да го видите под микроскоп на примерок од плунка.
Знак 5 – вашите гради се чувствителни
Го знаете чувството кога вашите гради се тешки и чувствителни и сè што чекате е да се вратите дома и да го соблечете градникот? Секој месец доаѓа период кога градите и брадавиците се чувствителни на хормоните што се наоѓаат во вашето тело пред и по овулацијата. Непријатноста во дојките, предизвикана од хормони и поврзана со вашиот циклус, е позната и како циклична масталгија.
Еве неколку општи знаци дека сте подготвени да работите на вашето бебе:
Редовен менструален циклус – Нередовниот циклус може да ја направи бременоста предизвикувачка и може да го отежне следењето на плодните денови.
Здрави непца – Некои истражувања покажале дека на жените кои имаат заболување на непцата им треба подолго време за забременување. Затоа, добрата хигиена на забите не само што значи чекор поблизу до бременоста, туку исто така може да го намали ризикот од спонтан абортус, пренесува The Bump.
Балансирана исхрана – Одредени овошја и зеленчуци се полни со витамини и хранливи материи како цинк, влакна, фолати и калциум. Сите тие можат да ви помогнат да забремените побрзо.
Нормален индекс на телесна маса – неухранетост или дебелина можат да ги намалат шансите за зачнување. Здравиот BMI (индекс на телесна маса) се движи од 18,5 dp до 24,9.
Фото: Pexels