Родители се фалат со бебе кое почнало да стои на 8 недели, а луѓето се загрижени (ВИДЕО)

Уште по доаѓањето од болница, Тезра Фин-Џонстон и неговата девојка Емили Дерик забележале дека нивната ќерка е многу силно бебе. Можела сама да си ја придржува главата. Но, тие не ни сонувале дека со само осум недели сама ќе стои.

0
405

Уште по доаѓањето од болница, Тезра Фин-Џонстон и неговата девојка Емили Дерик забележале дека нивната ќерка е многу силно бебе. Можела сама да си ја придржува главата. Но, тие не ни сонувале дека со само осум недели сама ќе стои.

Девојчето Лула е родено на 31 јануари, со тежина од 2523 грама, што е помалку во однос на просечната родилна тежина на бебињата, која се движи помеѓу 2,7 до 4 килограми. Лула денес има 15 недели и стои сама, без ничија помош.

Таа е веројатно најмладото бебе на светот што го сторило тоа, иако Гинисов светски рекорд постои само за дете кое најрано проодело. Тоа е Рубин Робинсон кој ги направи своите први самостојни чекори на само шест месеци. Ако Лулу продолжи вака, веројатно ќе може да го стори тоа и порано.

Иако родителите се горди и веруваат дека девојчето е толку вешто затоа што со татко ѝ гледала на Јутјуб видеа од најсилните луѓе на светот со тато Тезра, јавноста не е сигурна колку ова може да биде здраво за Лулу.

Имено, многумина се сомневаат дека кај Лулу можеби станува збор за покачен мускулен тонус или за хипертонус кој може да ја зафати мускулатурата на целото тело. Бебињата со хипертонус родителите често ги опишуваат како цврсти, но од друга страна им е потешко да усвојуваат избалансирани реакции, па затоа често паѓаат или се качуваат на прсти. Во овој случај, потребно е да се посети физијатар кој ќе го процени детето и, доколку е потребно, ќе го вклучи во терапија и ќе му покаже вежби што ќе го решат тој облик на дистоничен синдром.

Фото: Скриншот

[better-ads type='banner' banner='999' ]