Родители признале дека си ги тепаат децата, за да постават граници

Родители од Австралија се соочиле со остра реакција на јавноста по нивното признание дека ги удираат децата за да го контролираат нивното однесување.

0
109

Ендрју и Миријам се појавиле во емисијата Parental Guidance, која ги истражува родителските навики на 10 различни мајки и татковци и проверува какви родителски техники користат во нивниот дом.

Ендрју и Миријам се опишуваат себеси како строги родители, а децата ги тепаат бидејќи, како што велат, тоа им помага да воспостават граници.

„Го гледаме тепањето како една од алатките, но тоа во никој случај не е првото нешто по кое посегнуваме. Внимаваме, пробавме и други начини, но ако сме во ситуација да мислиме дека е тоа најефективната алатка, го замолуваме детето само да дојде кај нас. Ние не ги бркаме. низ куќата, не се обидуваме да ги држиме, бараме од нив да ни се доближат и ги удираме“, објаснила Миријам, а Андреј додал. Тепањето значи дека постојат граници и последици и дека не можеме да правиме што ќе посакаме“.

И двајцата признаваат дека се родени во семејства во кои родителите ги тепале, но денес не им се лутат заради тоа.

„Всушност мислам дека тоа е добар начин да се поправи однесувањето, позитивна алатка и затоа го применувам на моите деца“, вели таткото.

Не е изненадувачки што група други родители, незадоволни од ова признание, ги повикале Миријам и Ендру да го променат својот пристап.

„Тоа е физичко казнување. Вршите насилство врз некого. Тоа е форма на злоупотреба. Вашите изговори се срање“, им рекла една мајка.

Спроведени се бројни студии кои покажале како физичкото казнување на децата може да биде штетно за менталното здравје и менталниот развој на детето, па затоа совет од стручњаците е родителите да се откажат од оваа навика.

Фото: Channel 9

[better-ads type='banner' banner='999' ]