Родители, не ја ставајте цуцлата во мед

ФДА предупредува во кој период кај децата постои опасност од ботулизам предизвикан од користење на мед.

0
419

Американската управа за храна и лекови ФДА ги предупредила родителите дека на децата помали од една година не треба да им се дава мед, па дури ни оној кој се наоѓа во или на цуцлите.

Во Тексас четири деца се хоспитализирани со дијагноза на ботулизам по користењето на специјални цуцли кои содржат мед. Тие на овој пазар стасале од Мексико, но слични се пронајдени ширум САД, според податоците на ФДА.

Ботулизмот е ретка болест, а често може да биде и фатална. Неа ја предизвикува ботулински токсин, кој може да доведе до проблеми со дишењето, потешкотии во говорот или во голтањето, па и до слабост и парализа на фацијалните мускули.

Кај децата помлади од 12 месеци, симптомите обично се манифестираат преку запек, проследен со слаб апетит. На бебето му се намалува контролата на главчето и отежнато дише.

Познато е дека е медот поврзан со ботулизмот во порана возраст, но за возрасните и за децата постари од една година оваа намирница е апсолутно безбедна за употреба. ФДА ги предупредува родителите и старателите да не им даваат на бебињата цуцли потопени во мед или такви кои веќе содржат. Повикани се и онлајн мапродажбите да престанат со продажба на вакви производи, а се работи и на откривање и пронаоѓање на диструбитерите на таквите продажби.

„Доколку сте купиле цуцла наполнета со мед, веднаш престанете да ја користите“, порачува ФДА преку Твитер.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]