Родители, не грижете се: Науката тврди дека неуредната куќа е знак на креативност

Ако сакате вашите деца да станат креативни, дарежливи возрасни кои се подготвени да прифатат нови предизвици - не дозволувајте да ве загрижуваат расфрланите играчки.

0
377

Дали сте под стрес затоа што имате чувство дека вашата куќа е секогаш неуредна и покрај напорот што го вложувате во чистење? Повеќето родители можат да се поистоветат со ова.

Но, студијата на д-р Кетлин Вос од Карлсон Факултетот за менаџмент на Универзитетот во Минесота открила дека живеењето во неуреден дом помага да прифатите нови работи и да дојдете до креативни идеи!

Имено, за време на низата експерименти, истражувачите откриле дека луѓето кои живеат во „хаос“ и неуредни домови, имаат поголема веројатност да работат за добротворни цели, со задоволство наоѓаат нови решенија за старите проблеми и сакаат да испробуваат нова храна, пренесува Practical Parenting.

„Се чини дека неуредната околина ги инспирира луѓето да ја напуштат традицијата, што може да донесе освежување во животот“, рекла Кетлин Вос, објаснувајќи: „За разлика од тоа, уредната околина поттикнува подредување и игра на безбеден начин“.

Значи, се чини дека ако сакате вашите деца да станат креативни, дарежливи возрасни кои се подготвени да прифатат нови предизвици – не дозволувајте да ве загрижуваат расфрланите играчки.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]