Родители, дали пушите пред своите деца?

Секоја земја има поинакви прописи за тоа каде е дозволено пушењето, а во некои држави, пушењето пред децата е кривично дело. Што мислите вие, дали би требало ова да се направи и кај нас?

0
221

Пушењето во присуство на дете веќе неколку години во Летонија се смета за физичко малтретирање, и според нивниот закон, претставува кривично дело. Според дискусиите на оваа тема на социјалните мрежи, Летонците не го почитуваат многу тој и сличните закони и тој не се применува многу совесно. Некои сметаат дека треба да се применува и го поддржуваат.

Меѓутоа, генерално, сите се сложуваат околу тоа дека таков закон е тешко да се примени. На пример, во некои земји е казниво да се пуши во автомобил додека сте во него заедно со дете помладо од 12 години, и во тој случај се плаќа парична казна. Имено, чадот останува во автомобилот два и пол часа дури и ако е отворен прозорот, а во чадот има повеќе од 4.000 хемкалии од кои некои предизвикуваат рак. Постојат истражувања според кои концентрацијата на токсини од чадот од тутун во автомобил е 11 пати поголема отколку во едно кафуле.

Што мислите вие, дали пушењето во присуство на детето е физичко малтретирање или е тоа сепак премногу остро за таков чин?

Пасивното пушење во детството директно го загрозува здравјето на непушачите подоцна во текот на животот.

Шансите возрасните непушачи да умрат од последици на тешки белодробни болести се поголеми доколку раснеле покрај родители-пушачи, покажале резултатите на едно американско истражување.

Членовите на Американското здружение за борба против ракот заклучуваат дека пасивното пушење во детството директно го загрозува здравјето на непушачите подоцна во текот на животот.

Сттручњаците велат дека најдобар начин да го заштитите детето од лошите последици на тутунот е престанувањето со пушење.

Според статистиките, изложеноста на чад од цигари во текот на 10 или повеќе часови неделно го зголемува ризикот од смрт од исхемиски болести на срцето за 27 отсто, од мозочен удар за 23 отсто, а од хронична опструктивна болест на белите дробови за 42 отсто.

Исто така, од претходно се знае дека децата чии родители се пушачи се поизложени на опасност од развој на астма и дека нивните бели дробови побавно се развиваат.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]