Додека за овој проблем се зборува првенствено од агол на зависноста на децата и младите од технологијата, загрепчанката Драгана Вучиќ Џекиќ, инаку, мајка на две девојчиња, се обидува да предупреди на недостатокот од жива комуникација и присутност на родителите кои премногу време поминуваат на своите мобилни телефони.
По повод 6.февруари, кога се одбележува Светскиот ден без мобилни телефони (The World Day without mobile phones), семејството Џекиќ од Загреб снимило песна и музчки спот чија порака е упатена до сите оние кои се зависни од мобилните телефони, а особено до родителите.
Во песната станува збор за зависноста на возрасните од мобилните телефони токму затоа што токму од родителите децата го преземаат моделот на однесување. А ако родителите постојано се со мобилните во раце, ак постојано гледаат во телефоните, испраќаат пораки или телефонираат, им испраќаат на своите деца порака дека е тоа прифатливо однесување.
„Човечката издржливост е фасцинантна. Документирано е дека постојат луѓе кои можат да идржат без храна дури и повеќе од два месеци, без вода – 3 до 8 дена, без кислород 5 до 10 минути. Меѓутоа, ретки се оние кои можат да преживеат еден ден без мобилниот телефон, а притоа да не покажуваат знаци на вознемиреност или апстиненцијални кризи“, вели оваа мајка и наведува дека мобилните денеска ги замениле часовниците, камерите, будилниците, фото-албумите, помнењето, а изгледа дека ги заменуваат и семејството, пријателите и меѓучовечките односи.
„Ако мајката и таткото постојано гледаат во мобилните, како можат истовремено да очекуваат од детето да гледа во книгата? Во песната и во спотот сакавме да покажеме дека мобилните телефони често го заменуваат и човекот во меѓучовечките односи. Во овој случај, страдаат децата“, вели таа.
Во спотот пее седумгодишната Аура Џекиќ, а глуми семејството: родителите Драгана и Невен, сестрата Пиа, бабата Невенка и дедото Борис.
„За разлика од спотот, за среќа, во приватниот живот не сме опседнати со мобилните телефони, сакаме патувања и излети во природа. Пораката на крајот од овој спот е сепак оптмистична и јасна: Понекогаш треба само да го оставите мобилниот телефон и да уживате во моментот“, вели Драгана.
Текстот e од ТУКА.
Фото: Pixabey