Родителите не треба да одлучуваат за дупењето на ушите на своите деца

„Мислевме дека бидејќи и ти си 'полна' со тетоважи и пирсинзи, би сакала да го сториш истото или барем да започнеш со нешто помало и на твојата ќерка“. На пример, зошто уште не си ѝ ги дупнала ушите“, ја прашувале роднините Кимберли Запата, авторката на овој текст.

0
312

Кимберли Запата која е основач на Greater Than: Illness (непрофитна организација посветена на зајакнување на тинејџерите и младите луѓе кои се борат со ментални болести), за Scary Mommy, напишала текст на темата од насловот, кој ние го пренесуваме во целост.

Првата тетоважа ја направив на мојот 18-ти роденден. Отидов, ја заменив возачката дозвола за лична карта издадена од државата и се упатив кон салонот за тетоважи – оној што правеше и пирсинг и се наоѓаше помеѓу кинески ресторан и Dunkin ’Donuts.

Јас би сакала да можам да кажам дека имав некој голем план, па дури и дека сакав да направам нешто кул, но не. Само сакав тетоважа затоа што мајка ми не сакаше да го направам тоа.

Поминав неколку минути прелистувајќи фотографии од молњи бидејќи неколку минути е доволно време да донесам толку голема животна одлука, нели? Кога еден голем човек, брадест и мускулест, ме праша дали ми треба помош, се здрвив. Му реков дека сакам тетоважа и покажав на првата слика што ја видов: црн крст околу кој беше завиткана жолта роза.

Тој се обиде да ме одврати од тоа затоа што не бев религиозна – воопшто – и му реков да ја стави на долниот дел од мојот грб. Го знаете местото, околу неколку сантиметри над вашиот задник. Место што само другите го гледаат кога сте во фармерки со низок струк, дводелно бикини или … добро, знаете на што мислам.

Поминаа неколку години од тогаш, и направив уште неколку „модификации“ на моето тело. Всушност, станав зависна од нив. Во моментов имам 14 пирсинзи на телото и повеќе тетоважи отколку што можам да избројам. Но, колку и да ги правам, секако на себе, она што сè уште не го правам е тоа што не дозволувам да ѝ се дупнат ушите на ќерка ми.

Да, тоа е точно. Девојка со полуизбричена глава, коса со дива боја и целокупен лош изглед не дозволува ставање накит на ушите на своето мало девојче.

Пред мојата ќерка воопшто да почне да седи или да ползи, бројни членови на семејството ме прашуваа зошто уште не сум ѝ ги дупнала ушите на ќерка ми и кога ќе го направам тоа. „Мислевме дека бидејќи и ти си „полна“со тетоважи и пирсинзи, би сакала да го сториш истото или барем да започнеш со нешто помало и на твојата ќерка“, ми рекоа некои.

Многу од истите овие лица ме прашаа и за мојот родителски став во врска со тетоважите и бојата на косата, што се очигледно две многу различни работи. Иако можев да реагирам мрзоволно, да им кажам дека не ги засега, или да им кажам дека планирам да ја однесам мојата малечка на тетовирање за нејзиниот 3-ти роденден, ги информирав дека дупењето на ушите на ќерка ми воопшто не е на мојата агенда, ниту сега, ниту во иднина.

Она што за нив изгледаше како сосема нормален следен чекор – затоа што и самата имам многу тетоважи и пирсинзи – е токму причината зошто ќе го советува моето девојче да не ги прави. Но, само таа може да одлучи што ќе прави со своето тело, а таа одлука доаѓа со возраста, јазичните вештини и зрелоста, а не со интервенцијата на мајката.

Додека некои ќе речат: „Но, пирсингот на ушите не е голема работа. Па, тоа се само уши. Речиси сите го прават тоа!” Тоа не е изговор. Дупењето на ушите на ќерка ми пред таа сама да одлучи дали сака да ги дупне или не, не би ѝ донело ништо, ниту би создало потенцијален проблем, а како најголем од сите проблеми сметам дека е: прашањето за согласност.

Сите мои модификации беа мој избор. Дали понекогаш правев глупави избори? Да, но тие беа мојот глупав избор.

Ако мојата ќерка на возраст од пет, седум или осум години, дојде и ми рече дека сака да ѝ ги дупнам ушите, јас ќе ја едуцирам за тоа и ако сепак сака, ќе ја однесам во најблискиот салон. Но, јас нема да ја принудам. Јас нема да одлучам за неа. Нема да ја ‘модифицирам’ поради мојата суета и љубов кон неа. Има доволно време за сè, дури и за дупење на ушите кога детето само ќе одлучи за тоа.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]