Роден е без две нозе и една рака: Приказна за едно совршено момче

„И покрај сите совети и приказни за абортусот, стопроцентно бев сигурна дека сакам да го задржам“, изјавила храбрата мајка Роузи.

0
325

Мајка чиј син е роден без нозе и едната рака не се согласила на абортус во кое било време, иако во текот на бременоста знаела што ја очекува.

Роузи Хигс била предупредена дека момчето најверојатно ќе има синдром на амнионски едем со раѓањето. Екстремитетите на детето не растат правилно во матката кога е присутен овој синдром.
Таа ги игнорирала сите совети од пријателите и семејството дека треба да ја прекине бременоста. Сега вели дека тоа била најдобрата одлука што можела да ја донесе.

Малиот Хенри веднаш имал операција на раздвојување на раката, а сега обожава да ја користи додека се бања и си игра.
„Кога ми рекоа дека моето дете нема да има нозе и една рака, бев многу загрижена и потресена. И покрај сите совети и приказни за абортусот, бев стопроцентно сигурна дека сакам да го задржам”, рекла 29- годишната Роузи.
Според неговите родители, малиот Анри напредува и тие не се загрижени за неговата иднина.

„Јасно ми е дека неговиот живот секогаш ќе биде малку поинаков, но сигурна сум дека тој ќе може да се справи со сите идни предизвици“, вели Роузи.

Мајката е во контакт со многу други родители чии деца имаат слични проблеми уште од раѓање.

„Тие се толку посебни. Ние им помагаме во светот. Јасно е дека мораме да ја прилагодиме куќата според неговите потреби, за тој да може полесно да се движи”.

„Можеби нема нозе и раце, но барем што се однесува до мене, тој е апсолутно совршен“, вели гордата мајка.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]