Родено е бебе од тројца родители

Лекарите тврдат дека со ова испишале нови страници во историјата на медицината кои ќе им помогнат на двојките кои имаат проблеми со неплодноста ширум светот

0
521

Лекарите во Грција и во Шпанија успеале со посебен метод на оплодување кај една жена да изведат бременост во која бебето е плод на тројца луѓе, со цел на борба против женската неплодност.

Момченцето е родено на 9.април и било тешко 2,9 килограми.

Мајката и бебето се добри.

Лекарите тврдат дека со ова испишале нови страници во историјата на медицината кои ќе им помогнат на двојките кои имаат проблеми со неплодноста ширум светот.

Некои стручњаци во Британија велат дека оваа постапка отвара етички прашања и дека треба да се забрани. Имено, во оваа постапка лекарите користеле јајце клетка од мајката, сперма од таткото и уште една јајце клетка од жена – дарител. Постапката е развиена за да им се помогне на семејствата во кои постојат митохондриски болести болести кои се пренесуваат од мајката на бебето, наведува БиБиСи.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]