Ризици од повторениот царски рез

Лекарите велат дека секој повторен царски рез е поризичен од претходниот, а истражувањата покажале дека ризикот драстично се зголемува по третиот царски рез. Исто така, важно е да се напомене дека после три царски реза не препорачуваат ниту вагинално породување.

0
1921

И покрај напредокот на медицината се уште не е со сигурност утврдено колку повторени царски резови се безбедни за женското здравје. Еве некои од можните ризици од повторениот царски рез.

Лузни на матката и останатите внатрешни органи кои се наоѓаат во близина.

Ленти од ткиво кои наликуваат на лузни се создаваат после секоја абдоминална операција иако степенот на нивното настанување по царскиот рез варира. Тие можат да го отежнат самиот процес на царскиот рез што го отежнува и го продолжува самото време на опоравување.

Повреди на цревата и бешиката.

Повредите на бешиката за време на царскиот рез се прилично ретка појава, но се можни и ризикот кај повторениот царски рез е нешто поголем. Опасноста е зголемена токму поради израстоците кои се развиле после претходната операција кои на некој начин ја врзуваат бешиката за матката. Истите тие израстоци можат да предизвикаат опструкција на тенкото црево.

Крварење.

После секој царски рез е можно засилено крварење, а ризикот се зголемува со секој следен. Исто така, со секој царски рез се зголемува и ризикот од потреба за хистеректомија односно отстранување на матката за да се спречи крварењето  кое би можело да го загрози животот. Едно истражување покажало дека ризикот од хистеректомија после првиот царски рез се зголемува за 0,65 отсто, а после четвртиот за 2,41 отсто.

Проблеми со постелката. 

Колку повеќе царски резови сте имале толку е поголема можноста да се развијат одредени проблеми со постелката. Некои од нив се кога постелката ќе се всади длабоко во ѕидот од матката или кога постелката делумно ќе го затвори отворот на грлото од матката.

Важно е да се напомене дека и вагиналното породување како и царскиот рез имаат свои предности и маани. Ако првото дете сте го родиле по пат на царски рез, одлуката како ќе го родите второто дете би можела да биде многу комплексна Посоветувајте се со својот лекар и заеднички донесете ја најдобрата одлука за вас.

[better-ads type='banner' banner='999' ]