Ризикот од срцев удар во текот на бременост пораснал за 25 отсто

Иако ризикот од срцев удар е низок, истражувањата утврдиле дека бројот на жени кои во текот на бременоста, породувањето или во неделите по породувањето доживуваат срцев удар, е во пораст

0
446

Новото истражување објавено во списанието Mayo Clinical Proceedings ги проверило податоците за 49 милиони породувања. Дури 1061 жена имала срцев удар во текот на породувањето, 922 во бременоста, а 2390 во неделите по породувањето.

Севкупно гледано, ризикот од срцев удар е низок, но пораснал за 25 отсто од 2002. до 2014.година што научниците го сметаат за загрижувачки податок.

Помеѓу жените кои имале срцев удар во текот на бременоста или непосредно потоа, смртноста во болница била 4,5 отсто, што стручњаците го сметаат за изненадувачки висок процент.

„Иако срцевите удари се ретки кај младите жени, бременоста и времето по неа се посебно ранливи периоди во кои тие можат да се случат“, изјавил авторот на истражувањето др.Натаниел Смиловиц за списанието TIME.

Сѐ уште не е јасно што е причина за пораст на срцеви проблеми во овој период, но авторите на истражувањето претпоставуваат дека постојат неколку можни причини. Сѐ поголем број жени се одлучуваат да имаат деца подоцна, а повозрасните жени се поизложени на ризик од срцев удар.

Во споредба со трудниците во дваесетите години, трудниците на возраст од 35 до 39 години имаат пет пати поголем ризик од срцев удар, а тој е уште поголем кај жените постари од 40 години, наведуваат стручњаците.

Има повеќе болести кои можат да бидат причина за тоа, како што се на пример дебелината и дијабетесот.

„Сите жени би требало да ги знаат своите кардиоваскуларни фактори на ризик како што е покачен крвен притисок, дијабетес и дебелина и редовно да ги контролираат тие фактори во раната бременост, како и во текот на бременоста“, вели Смиловиц. „Трудниците или жените кои неодамна родиле треба да ги препознаат знаците на срцев удар како што се болки во градите и веднаш да се обратат кај својот лекар“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]