Ризикот децата да развијат „долг ковид“ е многу помал отколку што се мислело

Зачестеноста на „долг ковид“ кај децата не е ни блиску до она од што некои се плашеле, меѓутоа, некои групи млади луѓе се поранливи, велат водечките педијатри, пишува Би -Би -Си.

0
96

Откако ја спроведоа најсеопфатната студија до денес на оваа тема, научниците поврзани со Лондонскиот универзитет велат дека се сигурни во тезата.

Студијата, спроведена во Англија во периодот од септември до март, вклучува деца од 11 до 17 години кои биле позитивни на коронавирус.

Истражувачите заклучиле дека помеѓу два и 15 проценти од анкетираните имале симптоми на болеста и 15 недели подоцна.

Тимот, исто така, вели и дека е многу важно оние кои имаат долгорочни симптоми како главоболки, замор и отежнато дишење, да ја добијат потребната помош.

Меѓутоа, нема докази дека голем број деца побарале медицинска помош поради симптоми кои би ги заковале за кревет или ги направиле неспособни да посетуваат настава.

Во студијата која допрва треба да се објави во медицинско списание, собрани се и податоци за млади луѓе кои никогаш не биле позитивни на ковид, што значи дека биле анкетирани вкупно 50.000 луѓе.

Меѓу нив, 53 проценти од испитаниците имале барем еден симптом по 15 недели, од проста причина што овие симптоми се вообичаени кај општата популација.

Меѓу оние кои на тестот биле позитивни, тој процент бил 65 отсто.

Позначајна разлика е забележана кај оние 30 проценти кои пријавиле три или повеќе симптоми, во споредба со 16 проценти од оние кои исто така го пријавиле тој број на симптоми и никогаш не биле позитивни на коронавирус. Резултатите од студијата покажуваат дека 32.000 од речиси 235.000 заразени помеѓу септември и март, развиле симптоми на долг ковид.

Но, бројките може да бидат уште помали.

Само 13 проценти од оние што биле прашани да го пополнат прашалникот, навистина го направиле тоа. Истражувачите веруваат дека оние што ги доживеале симптомите на коронавирус, веројатно го пополниле прашалникот во поголема мера.

Во случај сите со долг ковид да го направиле тоа, би значело дека нивниот број е само 4.000 или два проценти.

Сериозно истражување

Истражувачкиот тим, во кој бил вклучен професорот Теренс Стивенсон од Институтот за здравје на деца на UCL, специјалистот за детски инфективни болести, д -р Лиз Витакер од Кралскиот колеџ за педијатрија и други професионалци од јавното здравство, ќе продолжи да ги следи децата во следните месеци.

Но, професорот Стивенсон вели дека и претходно се сомневал дека податокот за тоа дека половина од децата ќе развијат долг ковид е погрешен.

„Тој број не е ни приближно висок, рекол тој, додавајќи дека и покрај тоа, бројките „не се незначителни“ и дека е важно ова прашање да се сфати сериозно.

Најголема е веројатноста дека поголемите девојки кои претходно имале полошо физичко и ментално здравје ќе пријават долгорочни симптоми.

Оние кои имаат емоционални и психолошки потешкотии би можеле да бидат почувствителни на уште поблаги симптоми, велат истражувачите, а позитивниот тест за коронавирус може дополнително да го поттикне ова.

Од децата вклучени во студијата, 40 проценти изјавиле дека се чувствуваат тажно, загрижено или несреќно.

Истражувачите заклучиле дека е јасно дека пандемијата има штетно влијание врз младите луѓе поради затворање на училиштата, одвојување од пријателите и загриженост за ризикот од вирусот.

Ова покажува колку е важно враќањето во нормала и отворањето на училиштата, додал др. Витакер.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]