Редок синдром е причина што косата на ова девојче не може да се скроти

Ако гледајќи ја фотографијата на ова девојче првата асоцијација ви е Алберт Ајнштајн, не сте единствени.

0
377

Осумнаесетмесечната Тејлор МекГован има многу редок синдром на „нечешлива коса“. Забележани се само стотина вакви случаи ширум светот, а е резултат на наследувањето на две копии на мутација на генот.

Иако можеби на прв поглед ви изгледа симпатично, ваквата коса е сува, често отпорна на миење и стои во воздух. Добра вест е дека со годините нејзината состојба сепак се подобрува, појаснува American Society of Human Genetics.

„Прво се смеевме. Не мислевме дека е можно токму нашето дете да го има овој редок синдром“, вели нејзината мајка Кара МекГован за Buzzfeed.

Семејството ги пратил примероците од крвта на Универзитетот во Бон кои потврдиле дека девојчето има една од трите генски мутации кои ја предизвикуваат оваа состојба.

Нејзините родители се обидуваат да ја подигнат свеста за овој синдром и да им помогнат на другите да бидат позитивни заради својата единственост. Иако Тејлор им е симпатична на повеќето луѓе, има и такви кои на неа покажуваат со прст и ѝ се смеат.

„Сакаме да се прифатат различностите, луѓето да се сакаат себеси и да препознаат и да запрат насилно однесување“, вели таа и додава:„Да се биде поинаков е сосема во ред, поинаквото е прифатливо и подеднакво вредно“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]