Рани знаци на аутизам кај бебињата

Прочитајте како да ги распознаете знаците и симптомите за аутизам кај бебињата од 0 до 12 месеци, но и што да преземете доколку ги забележите кај вашето бебе

0
655

Да го гледате вашето бебе како расте е незаборавно искуство. Но, додека секое дете се развива соодветно на возраста, неуспехот во постигнувањето на одредени пресвртници би можел да го подигне црвеното знаменце. Некои родители препознаваат знаци на нарушување од аутистичниот спектар (АСД) кога нивното бебе има околу 6-12 месеци, можеби дури и порано, вели др. Томас Фрејзер, американски клинички психолог и истражувач на аутизмот. Еве кои се раните знаци на аутизам кај бебињата и зошто брзата дијагноза е клучна за лекување на состојбата.

Аутизмот е комплексно развојно нарушување што влијае врз социјалните вештини како што се игра, учење и комуникација. Индивидуалните случаи на аутизам се поделени во спектарот од благ до тежок. Лекарите не знаат што точно предизвикува нарушување од спектарот на аутизмот, но се верува дека тоа е комбинација од еколошки и генетски фактори.

Знаци на аутизам кај бебиња

Д-р Фрејзер тврди дека некои родители можат да ги препознаат знаците на аутизам кога нивното дете има од 6 до 12 месеци, во зависност од симптомите и нивната сериозност.

„Обрнете внимание на тоа дали детето реагира на социјалните информации и околината. Во текот на првата година од животот бебињата почнуваат да зборуваат и да комуницираат, користат гестови, како покажувањето“, вели д-р Фрејзер, додавајќи дека бебињата исто така почнуваат и да им се смеат на своите родители и се обидуваат да комуницираат со нив. Бебињата со аутизам понекогаш не успеваат да комуницираат преку звуци или гестови и не реагираат на социјалните стимули.

Според Центрите за контрола и превенција на болести, ова се уште некои симптоми на аутизам во првата година од животот:

До 3 месеци

Не ги следи предметите со очите додека се движат.

„Бебето со висок ризик од аутизам не ги следи родителите додека се движат во нивното видно поле. Можеби повеќе ги интригира нешто како што е ќебето“, вели д-р Фрејзер.

Не реагираат на гласни звуци;
Не фаќаат и не ги зграпчуваат предметите;
Не им се смеат на луѓето;
Не гугаат;
Не обрнуваат внимание на новите лица;

До 7 месеци:

Не ја вртат главата за да откријат од каде доаѓаат звуците;
Не покажуваат љубов;
Не се смеат;
Не посегнуваат по предмети;
Не се обидуваат да привлечат внимание;
Не сакаат да играат криенка (покривање на очите со рацете)

До 12 месеци

Не ползат;
Не кажуваат ниту еден збор;
Не користат гестови како што се мавтање или тресење со главата;
Не покажуваат со прст кон предмети или слики;
Не можат да стојат ниту со помош;

Важно е да се напомене дека овие критериуми не се убедливи докази за аутизам.

„Ова се едноставни сигнали што ги бараме за да утврдиме дали треба дополнително да го процениме бебето“, вели Манди Силверман, директор на Центарот за аутизам.

Што ако моето дете има аутизам?

Ако вашето дете покажува знаци на аутизам, д-р Фрејзер советува да закажете средба со вашиот педијатар. Ќе разговарате за развојните проблеми, а вашиот лекар ќе го прегледа вашето дете.

„Имаме докази што посочуваат дека колку побрзо се дијагностицира аутизмот, толку побрзо ќе се почне со интервенции во развојот и во однесувањето“, вели д-р Фрејзер.

Раната интервенција значи да му помогнете на бебето да се справи со симптомите на аутизам и можеби дури и да направи пресврт. Како што расте вашето дете, интервенцијата може да вклучува говорна терапија, работна терапија, советување за ментално здравје и што било друго за што експертите веруваат дека ќе му помогне на вашето дете да напредува.

„Крајната цел е да се олеснат симптомите и да му се подобри животот на детето што е можно повеќе“, вели Силверман.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]