Разгаленото и презаштитеното дете се патологии на новиот пристап во воспитувањето!

Разгалените деца пораснуваат во несоцијализирани личности кои не сакаат да пораснат, и наспроти своите таленти немаат рабoтни навики такашто се неуспешни, а презаштитените деца се многу пасивни затоа што за себе мислат дека се неспособни и се плашат од светот околу себе.

0
730

Начинот на кој родителите ги воспитуваат децата е директно поврзан со изградбата на психичките структури и типот на личност на истите тие деца.  Уште во првата половина на 20.век, психоанализата на возрасните уверливо покажала дека оние возрасни кои како деца не добивале доволно љубов, стануваат невротични личности. Настанале нови насоки: На децата морате да им покажувате љубов. Не ги трауматизирајте со ускратување на љубовта, но се поставува прашањето:

Ако е докажано дека најчест резултат на несреќното детство без љубов е несреќна, невротична возрасна личност, зарем тоа не значи дека резултат на среќното детство ќе биде задоволна и среќна возрасна личност? Ако непокажувањето на љубов доведува до невроза, зарем тогаш не е точно дека покажувањето на љубов доведува до здраво формирана личност? Поаѓајќи од такви претпоставки за кои дури подоцна ќе сфатиме дека се погрешни, покажувањето на љубов е ставено во центарот на воспитниот пристап на „идеологијата на среќно дете“.

Следејќи ги советите за современо воспитување на децата, а сѐ со цел зачување и унапредување на менталното здравје на децата, на родителите им стана најважно како се чувствува нивното дете. За да мисли родителот дека е добар родител, неговото дете постојано мора да се чувствува сакано и да биде среќно. Затоа родителите почнале да се трудат да ги уверат децата дека се многу сакани, овозможувајќи им само позитивни доживувања и искуства.

После неколку децении таква пракса почнавме да увидуваме дека не е нужно таквото дете да стане среќен возрасен. Со разочарување сфативме дека таа друга формула – „среќно“ дете, несреќни возрасни – не е само можна, туку е и најверојатна. Вистинска среќа е едно, но разгаленото и презаштитеното дете се новите патологии, резултат на новиот пристап.

Разгалените деца, и покрај високата интелигенција, пораснуваат во несоцијализирани личности кои не сакаат да пораснат, кои се себични и нарцисоидни, кои слабо ги контролираат своите импулси, склони се кон насилство, наспротив своите таленти немаат рабитни навики такашто се неуспешни и поради тоа долго остануваат во симбиотска врска со своите родители и кога се веќе во четвртата или петата деценија.

За разлика од нив, презаштитените деца се многу пасивни затоа што за себе мислат дека се неспособни, се плашат од светот околу себе кој го доживуваат како опасно место, заради што се исто така во симбиоза со родителите или со доминантните партнери.

Ако се прашувате како може љубовта да предизвика такви пореметувања, психолозите велат дека, како прво, зборот љубов е погрешен. Љубовта не може да го расипе детето, таа е потребна, туку го расипува она што често го нема во ваквиот пристап, а тоа е дисциплинирањето. Во желбата постојано да ги усреќуваат сопствените деца, родителите почнуваат да избегнуваат да стапуваат со нив во конфликт, па станале попустливи.

Но на децата им се подеднакво потребни и љубов и дисциплина. Врз основа на тоа што знае дека е сакано, детето гради позитивна слика за себе, сфаќа дека е важно човечко суштетство. Дисциплинирањето е она што овозможува социјализација и развивање на различни работни навики, почитување на забрани и граници.

Дисциплинирањето подразбира конфликт на желбите на детето и волјата на родителот. Со оглед на тоа што цел на родителот е да го социјализира детето, тој треба да превладува во овој конфликт. Попустливо воспитување покажало колку е погубно за развојот на личноста и неговата судбина подоцна како возрасна личност.

Ние родителите треба да се потсетиме дека главна задача ни е да ги подготвиме децата за самостоен живот во општеството, па тие сами да си најдат среќата, а не постојано да ги усреќуваме ние. Ако сме ние постојано одговорни за нивната среќа, тогаш тие на крајот не сакаат да пораснат и да прифатат одговорност.

[better-ads type='banner' banner='999' ]