Пушењето е најголем непријател на плодноста

Добар почеток во вашата мисија да станете родители е најпрвин да престанете со пушењето затоа што никотинот е најголемиот непријател на плодноста. Кај мажите пушењето негативно влијае на морфологијата, односно на обликот на спермата. Мажите пушачи имаат ненормално ниско ниво на тестостерон, што исто така ја намалува плодноста.

0
210

Спроведена е студија која покажува дека количината на сперма кај мажите во Европа, Северна Америка и Австралија во последните 40 години опаднала за дури 50%. Ќе се согласите дека ова е навистина алармантен факт.

Стерилноста може да предизвика губење на интимноста и може да доведе до големи психолошки проблеми кај паровите.

Постојат многу лекови на пазарот кои се прокламираат како лек за стерилитет, но тоа се претежно стероиди кои можат да создадат зависност. Терапијата со природни лекови за лекување на неплодност нема да даде несакани ефекти, а може да ви помогне да го решите проблемот.

Причини за машки стерилитет

Инаку, кога станува збор за машката неплодност, таа може да биде предизвикана од повреда на тестисите или други поврзани проблеми.

Тестисите се многу чувствителни, па производството на сперма може да се прекине поради различни фактори, меѓу кои обично се сексуално преносливи болести, како и изложеност на зрачење и топлина.

Пушењето и алкохолот исто така многу влијаат на стерилитетот.

Недостатоци во некои елементи како што се витамин Ц, селен и цинк може да бидат причина за развој на неплодност.

Меѓу причините се и електромагнетните бранови, абнормалната активност на тироидната жлезда, поточно хипотироидизам, а хроничниот стрес е штетен за целиот организам и негативно влијае на плодноста кај мажите.

Дебелината исто така доведува до структурни промени во репродуктивните ткива, што доведува до неплодност.

Диета за третман на стерилитет кај мажите

Истото мени што го користат дебелите луѓе за да го симнат вишокот килограми одлично функционира и во лекувањето на неплодноста кај мажите.

Јадете многу свеж или варен зеленчук и овошје. Може да пиете сокови и смути кои ќе ги направите сами, но без додавање шеќер.

Многу е важно да се вклучат риби во менито. Дозволен е леб и печива од интегрално брашно, како и маслиново масло.

Заборавете на брзата храна полна со нездрави масти, индустриски производи и храна од растително потекло, која е третирана со пестициди.

Исто така, отфрлете го белиот шеќер и белото брашно. Намалете го внесот на алкохол, кафе и чаеви со кофеин.

Сојата е богата со изофлавони, кои предизвикуваат послаб квалитет на спермата, па затоа се препорачува да се избегнува.

Елиминирајте ги заситените масни киселини и хидрогенизираните масла.

Што друго може да помогне?

Секако, добар почеток во вашата мисија е најпрвин да престанете со пушењето затоа што никотинот е најголемиот убиец на сперматозоидите. Пушењето негативно влијае на морфологијата, односно на обликот на спермата. Мажите пушачи имаат ненормално ниско ниво на тестостерон, што исто така ја намалува плодноста. Ако веќе не можете сосема да престанете со пушењето, обидете се максимално да го намалите бројот на цигари и да земате секојдневно голема доза на витамин Ц.

Намалете го внесот на алкохол. Честото внесување на големи количини алкохолни пијалоци го намалува нивото на тестостерон, како и квалитетот и квантитетот на спермата. Ова исто така ги намалува либидото и потенцијата.

Намалете го контактот со хемикалии. Истражувањата покажале дека некои хемиски компоненти негативно влијаат на плодноста кај мажите. Ова вклучува пестициди, органски растворувачи, олово, толуен, бензен.

Намалете го контактот со електромагнетни бранови. Тие се испуштаат од уреди како што се мобилни телефони и лаптопи, па затоа е неопходно да се намали контактот со нив, ако тие се причина за стерилитет. Никогаш не држете го лаптопот во скут додека го користите и телефонот во предниот џеб на панталоните.

Избегнувајте лубриканти. Содржината на многу лубриканти ја намалува подвижноста на спермата. Побарајте специјални видови лубриканти кои им овозможуваат на герминативните клетки полесно да се движат.

Редовно вежбајте. Вежбањето може да биде ефтина и едноставна стратегија за зголемување на квалитетот на спермата кај мажите кои водат неактивен живот. Секако, не треба да претерувате и да се форсирате премногу, бидејќи на тој начин можете да создадете контраефект.

Обидете се да го ослободите стресот. Ако минувате низ тешка ситуација што негативно влијае на вашата психа, ве прави нервозни и депресивни и ве држи под постојана напнатост, тоа може многу негативно да влијае на производството на сперма. Пробајте да се релаксирате.

Спијте доволно. Нередовното спиење и несоницата можат да бидат поврзани со неплодноста кај мажите. Обидете се да спиете најмалку 8 часа на ден за да го вратите либидото и да го подобрите квалитетот на спермата.

Важно е да знаете дека не сте единствениот човек кој се бори со проблемот на неплодност.

Бидејќи се потребни скоро три месеци за да се формираат нови сперматозоиди, веројатно ќе мора да чекате доволно долго за да ги забележите ефектите од природните третмани.

Фокусирајте се на вашето целокупно здравје, бидејќи здравиот начин на живот ќе го забрза заздравувањето.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]