Психолог објаснува зошто може да биде опасно ако детето е премногу зрело за својата возраст

Австралијански психолог ги предупредува родителите да бидат внимателни ако нивните деца почнат да се однесуваат „премногу зрело за својата возраст“.

0
494

Бриони Лео од Мелбурн, Австралија, тврди дека ваквото однесување кај децата може да биде показател за надворешен притисок кој влијае на нивното однесување. Сепак, таквото однесување не е секогаш знак на тревога.

Бриони вели дека во повеќето случаи, ако вашите деца се позрели од другите деца, не треба да се грижите. Тврди дека се земаат предвид факторите како карактерот, редоследот на раѓање и когнитивните способности.

Но, преголемата зрелост може да биде знак за предупредување ако детето премногу се грижи околу практични работи или презема преголема одговорност, пишува The Sun.

„Тоа може да значи дека тие станале „парентифицирани“ и дека требало да преземат одговорности на мала возраст, бидејќи нивните родители не можеле да го сторат тоа“, вели таа.

Бриони објаснила дека децата можат да станат „парентифицирани“ ако возрасните во нивните животи не можат да се справат со своите одговорности поради ментални или физички болести, зависност или проблеми со личноста. Сепак, таа вели дека некои деца ќе го сторат тоа без оглед на родителското однесување, објаснувајќи дека таквите деца се можеби чувствителни на околината околу нив. Имено, децата на тој начин можат да одговорат на стресорите од околината загрижувајќи се и обидувајќи се да управуваат со ситуација што е надвор од нивна контрола.

Како влијае ова на детето?

Бриони вели дека во подоцнежниот живот може да се појават некои проблеми кај деца кои се однесувале претерано зрело во детството.

Таа објаснила дека е затоа важно родителите да бидат отворени и транспарентни со емоционалните реакции на детето и да ги научат како да се справат со различни ситуации.

„Погрижете се вашето дете да има можност да сподели со вас на безбеден начин како се чувствува, за што се грижи, што се случува со него. Ова може да значи да зборувате за вашиот ден пред да одите во кревет или да водите такви разговори во автомобилот на пат кон дома, од училиште“, предлага таа и објаснува дека овие едноставни чекори ќе обезбедат родителите да бидат свесни за какви било промени што можат да се појават и на тој начин да избегнат збунувачки или трауматични искуства.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]