Дали некогаш сте слушнале за детски ботулизам? Ботулизмот е ретко и опасно по живот труење предизвикано од токсините произведени од бактеријата Clostridium botulinum. Спорите на Clostridium botulinum токсинот може да го убијат вашето бебе. А во мали количини може да се најдат во медот.
„Јас сум причината зошто не треба да им давате мед на бебињата. Дали би му дале на вашето бебе путер од кикирики? И јагоди? Оваа храна се смета дека носи потенцијални ризици за вашето дете, па затоа се препорачува внимателност со овој вид на храна.
А мед? Зошто никој не зборува за медот? Половина од моите другарки кои штотуку се породија беа само нејасно предупредени да се држат настрана од медот, а на останатите ништо не им беше кажано. За среќа, ме познаваат мене. Ќе ви кажам само еден детал од мојот живот.
Растејќи знаев дека никој друг нема лузна на вратот, но искрено, некако мислев дека е тоа во ред.
Сепак, до средно училиште бев доста уморна од другите деца кои зјапаа во мене и со одвратност ме прашуваа: „Каква е таа дупка во твојот врат?!“ Така почнав да се забавувам и да се шегувам. Тепачка со ножеви во Њујорк. Бев касната од страшен вампир. Што да кажам, бев во средно.
Дури кога го родив првото дете помислив: „Тогаш ми се случило мене“, и целосно го разбрав ужасот низ кој поминале моите родители. Дури во шестиот месец од животот се започнува со воведување на нови намирници, т.е. вкусови на „вистинска“ храна, а мајка ми (која беше хипи-мајка од 1970-тите) тогаш блажено почна да ме воведува во светот на вкусовите на овесните снегулки, јогурт, сенф, сè до медот. Таа почнал да забележува дека сум малку безволна. Докторот ѝ рекол дека е само настинка. Додека ме доела, таа гледала како млекото ми се враќа од устата и сфатила дека не можам да го голтнам. Веднаш ме однеле во болница и веднаш ми ставиле цевка за хранење во носот и ми била направена трахеотомија.
Бев парализирана од главата (вклучувајќи ги и очите) сè до моите нозе. Мајка ми вели дека сум изгледала како кукла од партали. Не су можела да се движам. Не сум можела да голтам. Не сум можела да дишам. Глупав мед. Тоа било пред моите родители да сфатат дека она што го имам се нарекува „бебешки ботулизам“, што во основа е труење со храна. Суровиот мед носи спори на бактерии кои стомакот на бебето не може да ги свари.
Така, половина од лекарите мислеле дека имам тумор на мозокот. Очигледно, моите родители не биле задоволни со таа дијагноза, но за среќа, некои лекари мислеле дека можеби е нешто друго, но тие едноставно не знаеле да ја постават вистинската дијагноза. Моите родители чекале. Гледале како бебињата умираат околу нив додека јас беспомошно сум лежела во болница. Татко ми конечно морал да се врати на работа. Мајка ми никогаш не ме оставила, туку цело време останала со мене во болница. Конечно еден ден татко ми влегол низ вратата од мојата болничка соба и забележал нешто поинакво – сум го следела со моите очи.
И малку по малку мојата состојба се подобрувала и по 2,5 месеци во болница сме си отишле дома. Дотогаш, целосно сум заборавила како да голтам, па моите родители морале да ме хранат. До десет години паничев и се оддалечував од се што ќе ми се доближеше до лицето. Одев на физикална терапија и никој не веруваше дека некогаш ќе одам. Моите фини моторни вештини беа ужасно зад оние кај здравите деца, па го повторував првото одделение за да ги стигнам здравите деца.
Две години подоцна, лекарите им се јавиле на моите родители и им рекле: „Тоа не беше тумор на мозокот, тоа беше нешто што се нарекува детски ботулизам“.
Кога првпат се разболев, никој не знаеше што може да направи медот. Имав многу среќа. Сега сите знаат колку е опасно – да, медот може да убие бебиња. На медот сега има налепница која предупредува дека не е за деца под една година. Медот сега е пастеризиран, така што ризикот од ботулизам е значително намален – но ризикот сè уште постои. Сепак, слушам приказни за луѓе кои ставаат мед на цуцлите затоа што никој во болницата не им кажал поинаку. Книгата за готвење за моите деца го наведува медот во поглавјето „од една година па нагоре“ заедно со рибата и агрумите. Давањето портокал на детето е многу помал ризик од давањето мед. Портокалот може да предизвика осип, но не и ботулизам.
Ве молам, ве молам, раширете ја оваа вест. Не барам слава на интернет затоа што бев на работ на животот и за малку ќе умрев. Се што барам е да ја пренесете веста на вашите пријатели, семејството, групите родители дека давањето мед на дете под една година може да биде фатално. А ако не ви веруваат, нека ми се обратат мене. Не можам да им ги покажам лузните на моите родители затоа што не се гледаат, но можам да им ја покажам мојата лузна затоа што не е резултат од каснување од вампир или борба со ножеви; таа е од трахеотомијата, процедура која ми го спаси животот“.